Пророштва на Баба Ванѓа за 2023 година: нуклеарна експлозија, крај на природното раѓање деца

Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2023 година не се многу оптимистични, пишува британскиот весник „Мирор“. Според нив, пет предвидувања на познатата јасновитка звучат застрашувачки.

Нуклеарна експлозија

Меѓу предвидувањата за 2023 година има и нуклеарна експлозија. Ова пророштво многумина го сфаќаат сериозно откако таа наводно ја предвидела катастрофата во Чернобил, а дополнителна загриженост создава и ситуацијата во Украина. И најмала грешка во нуклеарната електрана Запорожје може да доведе до катастрофа со страшни последици за некои европски земји.

Промена на Земјината орбита

Баба Ванѓа предвидела дека Земјата во 2023 година некако ќе доживее промена во својата орбита. Не е прецизирано на што точно мислела, но каква и да е таа промена, може да има разорни последици. Ако Земјата се доближи до Сонцето, човештвото би се соочило со зголемено зрачење и високи температури, што би резултирало со брзо топење на глечерите, пораст на нивото на морето и вонредни ситуации низ светот. Ако планетата се оддалечи од Сонцето, нè очекува ледено доба со подолги периоди на мрак.

Соларна бура

Уште едно предвидување, иако прилично нејасно, е соларна бура во размери кои никогаш досега не се видени на Земјата. Соларните бури претставуваат големи експлозии кои се случуваат на Сонцето. Тогаш, Сонцето емитува високо ниво на енергија и радијација, а може да се случат и проблеми со работата на ГПС системот, радиокомуникацијата, сателитите кои кружат околу Земјата. Посилните соларни бури како што предвидува баба Ванѓа, би довеле до технолошки оштетувања, па и масовен недостиг на струја и проблеми во комуникацијата.

Биолошко оружје

Познатата јасновитка најави дека некоја голема земја ќе спроведе студии за биолошко оружје на луѓе, што би резултирало со смрт на илјадници низ светот. Во овој момент, Конвенцијата на ОН за биолошко оружје забранува изведување експерименти од овој вид.

Крај на природното раѓање деца

Визијата на Баба Ванѓа за 2023 година вклучува и крај на природното раѓање деца. Според нејзината визија, властите забрануваат раѓање деца и целиот човечки род се одгледува во лабораторија. Така, лидерите и медицинските експерти одлучуваат кој ќе се роди, додека родителите би можеле да ги прилагодат своите лични особини и физичкиот изглед. Ова е едно од најчудните предвидувања и поттикнува страв од пад на наталитетот.

Scroll to Top