Путин го исполни пророштвото на Нострадамус, пророкот предвиде војна во 2022 година

Рускиот претседател Владимир Путин успеа да го исполни пророштвото на познатиот Нострадамус. Познатиот пророк во своите предвидувања предвидел дека во 2022 година ќе се случи голема светска војна.Рано утрово се огласија сирените во Украина, означувајќи го почетокот на руските офанзивни сили по повод кризата во Донбас.

Крстаречки ракети полетаа по наредбата на Владимир Путин. Тие удрија во воени цели на територијата на целата земја, а Централната воена команда на Украина соопшти дека биле бомбардирани неколку аеродроми, вклучувајќи ги и оние во Киев Бориспољ, Николајев, Краматорск, Херсон и воениот аеродром во Харков.

Интересно во целата оваа приказна е тоа што познатиот француски астролог Нострадамус, зборувал во своето време за некаква закана од истокот и спомена војна во Европа во 2022 година, но, сепак, не е лесно да се одреди точниот датум во неговите записи.Нострадамус во неговата позната книга „Пророштвата“, објавена во 1555 година, најмногу се фокусирал на неговата земја.

Темите кои најмногу ги споменувал биле инвазијата на Франција и споменатата закана од истокот. Некои шпекулираат дека реченицата во неговата книга „Русокосите ќе им нанесат на белоглавите толкава штета, што ќе мора да ја натера Франција да биде добра кон двете страни“, се однесува токму на оваа војна која се случува во моментов меѓу Украина и Русија.

Како и другите пророштва на Мишел де Нострадамус, по кој бил познат во неговото време и ова е прилично нејасно. Сепак во последните години се користи како најава за Трета светска војна. Пред ескалацијата на кризата во Украина, имало толкувања дека оваа реченица на Нострадамус се однесува на тензиите меѓу Кина и Тајван.

Некои од најголемите достигнувања кои му се припишуваат на познатиот астролог се предвидувањето на големиот пожар во Лондон, доаѓањето на власт на Адолф Хитлер и атентатот на Џон Кенеди.Бугарската јасновиткa Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус од Балканот“, уште во 1979 година предвиде дека „рускиот владетел Владимир“ ќе биде господар на светот.

За време на средбата со писателот Валентин Сидоров, Ванѓа рекла: „Сè ќе се стопи, како мраз, само едно ќе остане недопрено. Слава на Владимир, слава на Русија. Премногу е жртвувано. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе отстрани сè од својот пат и ќе стане господарка на светот“.

Слично вакво предвидување имала и познатата Баба Ванѓа која пред нејзината смрт предвидела славна иднина за Русија и предвидела дека таа ќе биде единствената суперсила во светот.

Во 80-тите, Баба Ванѓа рече дека светот е сведок на судбоносни настани.

„Двајцата најголеми владетели си подадат рака“, рече таа тогаш, а оние кои ги толкуваат нејзините предвидувања го гледаат исполнувањето на пророштвото за крајот на Студената војна.

Баба Ванѓа потоа додала дека светскиот мир нема да се постигне додека не дојде осмиот, за кој многумина веруваат дека станува збор за Владимир Путин.

Scroll to Top