Путин го шпионирал Реган, вели фотографот кој ги сликал двајцата пред 33 години во Москва

Американскиот фотограф Пит Соуза, споделил фотографија на „Инстаграм“ од 1988 година со поранешниот претседател Роналд Реган за време на неговата посета на Црвениот плоштад во Москва. Оваа фотографија стана интересна за јавноста, затоа што на неа се гледа човек во близина на Реган, кој многу наликува на сегашниот руски претседател Владимир Путин.

Иако за целиот тој период немал никакви докази, Соуза, вели дека направил и друга фотографија со која сега можел да потврди дека Путин го шпионирал Реган.

„Го фотографирав претседателот Реган за време на неговата посета во Москва во 1988 година. Михаил Горбачов го однесе на Црвениот плоштад, каде беше позиционирана група на КГБ агенти, преправени во туристи. Погледнете го човекот кој има фото-апарат околу вратот“, напишал Соуза.

Неговите фотографии кои ги направил за време на мандатот на Реган, Соуза ги објавил во книгата Unguarded Moments. Десет години подоцна, тој добил писмо во кое бил прашан дали знае дека на фотографијата е Владимир Путин кој во тоа време бил КГБ агент, стациониран во Источна Германија.

Соуза се обидел да добие одговори од библиотеката на Реган и администрацијата на Џорџ Буш, но, безуспешно. Од Белата куќа повторно го ангажирале Соуза да го слика поранешниот американски претседател Барак Обама.

Неколку дена пред инаугурацијата, тој дал интервју за „NPR“ во кое зборувал за тоа колку важноста на претседателските фотографии може да се промени во текот на годините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pete Souza (@petesouza)

„Штом ќе ја видите фотографијата, си помислувате: Ох Боже, навистина е Путин. Но, тоа беше голема грешка. Никогаш не требаше да кажам такво нешто бидејќи тоа никогаш не беше потврдено“, изјавил Соуза.

Набрзо по интервјуто пристигнал и официјален демант од Кремљ дека лицето на фотографијата е Путин.

Месец дена по интервјуто, Соуза вели дека му пристигнала разгледница во поштенското сандаче. На неа се наоѓала фотографијата од Црвениот плоштад. Човекот со фото-апаратот бил заокружен со црвен фломастер, а некој напишал „шпион“ со стрелка насочена кон него.

Пит ја предал разгледницата на тајната служба, но, не добил никаков одговор. Истата година кон почетокот на летото, Обама стигнал во Русија да се состане со Путин. Соуза вели дека ниту еден руски службеник не зборувал со него.

 

Scroll to Top