Путин им воведе санкции на лидерите на светските сили, Борис Џонсон не смее да влезе во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин им воведе санкции на лидерите на светските западни сили. Британскиот премиер Борис Џонсон од сега не смее да влегува во Русија, пренесоа медиумите.

Во соопштението на руското министерство за надворешни работи е соопштено дека покрај Џонсон Русија вовела санкции и против 10 други членови на британската влада и политичари, меѓу кои и Домоник Раба и Прити Пател, поради непријателските акции на владата.

Посебно за воведувањето санкции на високите руски официјални лица. Москва се закани дека наскоро ќе ја прошири листата со лица на кои ќе им биде забрането да влезат во Русија.

Овој чекор беше преземен како одговор на лондонската неограничена информативна и политичка кампања насочена кон меѓународна изолација на Русија, создавање услови за ограничување на нашата земја и задушување на домашната економија“, се вели во соопштението.

Scroll to Top