Путин има тројца двојници, вели украински мајор

Шефот на украинската воена известувачка служба, мајорот Кирило Буданов, рече дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно има тројца двојници. Сите биле подложни на пластични операции за да личат на него. Буданов смета дека сите тие се во игра, особено сега кога Путин ја губи контролата во Кремљ.

Некои шпекулираат дека боледува од Паркинсонова болест или дека можеби има и рак. Во интервју за Mail on Sunday, Буданов рече дека украинската тајна служба ги открила двојниците на Путин, кои досега го имаат сменето во неколку прилики и дека замените станале вообичаена пракса.

„Знаеме конкретно за три лица кои непрекинато се појавуваат место него, но не знаеме точно колку ги има. Вистинскиот Путин можеби повеќе и не постои“, рече Буданов.

„Сите направиле пластични операции за да личат на него. Единствената работа која ги издава е вистината. Тоа може да се види и на сликите. Исто така ги открива и гестикулациите, говорот на телото и засеците кај ушите кои се единствени за секоја личност посебно“, додаде тој.

Буданов не сакал да претпоставува дали Путин се има повлечено поради болеста или во Кремљ е направен тивок пуч, но додаде дека украинското ослободување на Херсон би можело да има драматични последици за Путин и неговите соработници.

Промените се неизбежни во Москва“, додаде тој.

Извор/Б92

 

Scroll to Top