Путин ќе биде задавен ако ја изгуби војната со Украина, тврди бивши руски командант

Бившиот руски командант Игор Гиркин неделава рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде задавен или ќе му се суди пред Меѓународниот кривичен суд, ако Русија ја изгуби војната во Украина, пишува Njuzvik.

Грикин, познат под псевдонимот Игор Стрелков, објави видео на неговиот канал на „Телеграм“, каде има 800.000 фанови. Неговите изјави следеа неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд на 17 март ојбави дека издал налог за апсење на Путин поради воени злостори.

Истражителите на Меѓународниот кривичен суд во Хаг наводно работеле на доказите против Путин повеќе од година дена пред судот да издаде налог.

Судот го обвинува рускиот лидер дека наводно е одговорен за воени злостори противправна депортација на населението, најмногу деца и незаконско премесување на населението, исто така најмногу деца, од окупираните подрачја на Украина во Руската Федерација.

Во петокот Антон Герашченко, советник во украинското министерство за внатрешни работи, сподеи на „Твитер“ преведено видео од коментарите на Гиркин, во врска со налогот на Меѓународниот суд  во Хаг.

Снимката почнува така што Гиркин чита прашање од телефон.

„Како ја проценувате веројатноста дека претседателот ќе биде предаден од страна на неговиот најблизок круг на луѓе, како резултат на распишаниот налог на Меѓународниот кривичен суд?

„Ако ја изгубиме војната и Путин не биде задавен претходно, Наваљни ќе го испрати во Хаг“, рече Гиркин, мислејќи на Алексеј Навални, активистот и опозицискиот лидер кој во моментов се наоѓа во затвор во Русија.

Гиркин стана позната личност во Русија поради својата истакната улога во војската и како офицер во Федералната служба на безбедност FSB, агенција наследници на КГБ. Наводно бил вклучен во руската анексија на Крим во 2014 година и командувал со руските милитанти во украинскиот регион Донбас.

Откако ја напушти војската, Гиркин се етаблирал како популарен блогер во Русија и често ја промовирал прокремљовската пропаганда. Но, откако стана гласен критичар на Путин и руските воени лидери, за тоа како се води војната во Украина.

Гиркин минатата недела објави критика на својот канал на „Телеграм“ во кој напиша дека руските воени лидери демонстрирале очигледна неспособност во Укриана и дека мораат да бидат сменети, или Русија ризикува да ја изгуби војната.

Извор: Njuzvik

Scroll to Top