Изминатата недела Северна Кореја ја разнесе зградата која ја користеше за разговорите со Јужна Кореја, а наредбата стигнала од Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Таа претходно се поставила како лидер на преговорите меѓу двете Кореи, аплаудирајќи им на спортистите од двете држав, кои марширале под заедничкото знаме, но сега очигледно работите ги преземале во своите раце.
Сестрата на лидерот на Северна Кореја, во декември 2018 година го направи својот прв чекор за постигнување политичката моќ, откако стана прва жена од своето семејство, која по Корејската војна зачекори на јужната половина од корејскиот полуостров.
Ноќта пред тоа,таа пристигна на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг и седеше покрај јужнокорејскиот лидер Мун Џае-ин и ги гледаше стотината атлетичари како маршираат под знамето на обединета Кореја.
„Да се види заедно со севернокорејскиот лидер е значајна работа, но заминувањето во Сината куќа, претседателската резиденција во Јужна Кореја е многу позначајна работа. Со оглед на тоа што таа е единствениот член од севернокорејското владејачко семејство, кое влегла во дворот на нивниот лут непријател, тоа се смета за историски момент. Со тоа таа докажа дека е совршен претставник на својата земја, урбано размислува, а покрај тоа што направила чекор за подоцнежната средба на нејзиниот брат и Мум, нејзината посета ја искористи и за подготовка на сцена за нешто друго“, пренесува „Си-ен-ен“.
Развојот стана јасен во последните неколку дена, а таа се истакна како најважна личност кога се во прашање односите меѓу двете Кореи.
Пропагандните балони, летки и други материјали против водството на Пјонгјанг кои повторно се гледаат на границата меѓи двете земји, ја налутија втората најважна личност во Северна Кореја, Ким Јо-џонг.
Таа овој чин го оценила како кршење на договорот меѓу Северна и Јужна Кореја, кој бил постигнат по нејзиното историско патување, поради што во вторникот наредила да се крене во воздух зградата која на двете Кореи им служела како место за разговор.
Зградата во целост е уништена иако немало жртви, а со овој потег, Ким сакал да ја натера владата на својот јужен сосед, скапо да плати за своите сторени злостроства.
Дали Ким Јо-Џонг има моќ да ја превземе лидерската позиција?
Ким Јо-Џонг ги превзеде сите значајни улоги во управувањето со земјата и многу неодамнешни случувања се толкувани како нејзина желба да се истакне како достојна наследничка на својот брат. Откако ова лето Ким Џонг-ун почна мистериозно да исчезнува од јавноста, поради како што се шпекулираше неговата здравствена состојба, Ким Јо-џонг, почнала да го шири своето влијание во Пјонгјанг.
Острите потези против Јужна Кореја, можеа да бидат дел од нејзините обиди да постигне „револуционерни досгинувања“, мерна единица за лидерство во земјата, оценува „НК Дејли“.
На Ким Јо-џонг и недостига воена позадина, со која нејзиниот брат може да се пофали. Таа била приморана да го шири својот авторитет низ одделението за пропаганда и агитација, исто како нејзиниот татко кога се борел за позицијата наследник.
Како што тврдат поедини извори од земјата, Ким Јо-џонг се бори за политичка моќ со пропагандни удари на Сеул, кои севернокорејскиот народ може да ги гледа како воена победа.