Републиканците го обвинија синот на Џо Бајден дека примал пари од моќна Русинка

By

Новиот извештај на Републиканците од Сенатот потврдува дека синот на демократскиот кандидат за американски претседател,Џо Бајден, Хантер Бајден, примил 3,5 милиони долари од богатата сопруга на поранешниот градоначалник на Москва.

Додека ги примил парите направени се низа други финансиски трансакции и сплетки, за кои официјалните лица во сојузната влада предупредиле дека претставуваат конфликт на интерес на експотпретседателот, кој ја предводел украинската политика на администрацијата на Обама.

Демократите го отфрлиле ваквиот извештај на републиканците, кој беше објавен во средата, и го толкувале како поигрување со руски дезинформации. Документот на 87 страници не покажал дека финансиските трансакции што  ги направил Хантер влијаеле на американската политика.

Сепак, се нагласува дека владините службеници означиле загриженост поради потенцијалните конфликти на интерес и дека финансиските интереси на синот на поранешниот потпретседател со странски влади биле забрзани за време на администрацијата на експретседателот Обама.

„Хантер Бајден добил електронски трансфер од 3,5 милиони долари од Елен Батурина, сопругата на поранешниот градоначалник на Москва“, стои во републиканскиот извештај, кој е резултат на истрагата што ја водел сенаторот Рон Џонсон од Висконсин.

Тој вели за овој извештај дека претставува еден од неговите клучни налози.

Батурина претходно била омажена за Јуриј Лужков, кој бил градоначалник на Москва, но бил отпуштен поради наводна корупција во 2010 година. Извештајот детално објаснува како Бајден во февруари 2014 година примил уплата од Батурина, во висина од 3,5 милиони долари.

Овие пари биле опишани како консултантски услуги. Во 2015 година Бајден исто така примил неколку уплати од неколку стотина илјади долари од Батурина, од кои неколку се наведени како дел од договор за заем.

 Извештајот не наведува дека во тие трансакции имало нешто незаконско. Но, документот покажува дека Хантер Бајден имал низа финансиски врски со странски официјални лица и деловни луѓе, поврзани со контрадикторни влади.
Пред сè претседателот Доналд Трамп и неговата компанија „Трамп организација“, имаат широко распространети деловни интереси ширум светот, од кои во неколку извештаи е наведено дека истите се поврзани со наводно перење пари и потенцијални незаконски активности.
Извештајот не го образложил детално дека и самиот Џо Бајден имал финансиска корист од деловните интереси на неговиот син. Исто така не било докажано дека работата на Хантер на некој начин ја променила американската политика.
Фактот дека Хантер Бајден бил во одборот на украинската енергетска компанија Burisma Holdings за Трамп претставувало доволен доказ дека неговиот политички противник, поранешниот потпретседател е корумпиран. Џо Бајден во тој период побарал отстранување на украинскиот обвинител, кој тврдел дека ги истражува обвинувањата за корупција против Burisma Holdings.
Кога обвинителот бил повлечен, европските и американски високи официјални лица широко се согласиле дека тој е корумпиран и дека смета на антикорупциските напори на Украина.
Антикорупциските организации и активисти во Украина дури изјавиле дека неговото отстранување всушност е повлечено, а уште помалку е веројатно дека компанијата Burisma Holdings ќе се соочи со обвинувањата за корупција.
Но, Трамп и републиканците го прифатиле наративот да го критикуваат Бајден. Наративот против Бајден го протуркаа и руските медиуми кои го обвинија за неговиот имот кој тој го поседува во таа земја.

Ќе ви се допадне