Русија ќе ги забрани Фејсбук и Инстаграм ако преку нив се дозволува повикување на насилство врз Русите и руските војници

Русија ќе ги забрани „Фејсбук“ и „Инстаграм“ ако преку нив се дозволува повикување насилство врз руските војници. пренесува 24sedam.

Компанијата „Мета платформс“, матичната компанија на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ ќе биде забранета во Русија, доколку се покаже како точен извештајот на „Ројтерс“ дека на корисниците на овие мрежи во некои земји им се дозволува да повикуваат на насилство над Русите и руските војници.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не сакаме да веруваме во извештајот на ‘Ројтерс’. Во тоа е едноставно премногу тешко да се поверува“, рече Песков пред новинарите, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Се надеваме дека тоа не е точно, затоа што ако е, тогаш тоа значи дека ќе мораме да преземеме најодлучни мерки за прекин на активностите на оваа компанија во Русија“, рече Песков.

Тој наведе и дека Русија во повеќе наврати побарала од Западот да изврши притисок врз Киев, за да престанат да го убиваат сопствениот народ.

„Русија постојано ја искажуваше својата загриженост за Украина пред западните земји, но не доби никакви одговори. Русија постојано повторуваше дека не се чувствува безбедно, дека чувствуваме дека сме во опасност, но Западот не сакаше да ни даде какви било одговори“, рече Песков.

Тој најави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара во Москва со белорускиот претседател Александар Лукашенко за ситуацијата во Украина и западните сакнции.

 

 

Scroll to Top