Руската агенција „Роскосмос“ објави документи од лунарната програма на Советскиот Сојуз, во кои се наведув дека, Русите имале намера до крајот на шеесеттите години да бидат првите во светот кои ќе постават астрономска опсерваторија на Месечината.
На сајтот за државната агенција се наоѓаат 46 документи, фотографии, илустрации и видеохроника од оваа мисија.
„Предложениот техничко-организациски правец на работата ќе даде реална можност да ја создадеме првата лунарна опсерваторија во светот, уште во време од 1968 и 1969 година. Таквата опсерваторија ќе стане прототип за идните лунарни станици, наменети за извршување трајни и сеопфатни служби на Сонцето, Земјата (за метеорологија и други цели), планети и ѕвезди“, стои во документот, кој го потпишал директорот на Централниот научноистражувачки институт за машинство, Јуриј Можорин, во 1967 година.
Исто така е истакнато дека Месечината е прилично стабилна платформа за астро-телескопски системи, како и дека од неа може да се набљудува каков било објект во вселената речиси 14 дена. Месечината овозможува да се спроведат астрофизички истражувања без влијание на атмосферата.