Русите планирале да направат опсерваторија на Месечината уште во шеесеттите години

Руската агенција „Роскосмос“ објави документи од лунарната програма на Советскиот Сојуз, во кои се наведув дека, Русите имале намера до крајот на шеесеттите години да бидат првите во светот кои ќе постават астрономска опсерваторија на Месечината.

На сајтот за државната агенција се наоѓаат 46 документи, фотографии, илустрации и видеохроника од оваа мисија.

„Предложениот техничко-организациски правец на работата ќе даде реална можност да ја создадеме првата  лунарна опсерваторија во светот, уште во време од 1968 и 1969 година. Таквата опсерваторија ќе стане прототип за идните лунарни станици, наменети за извршување трајни и сеопфатни служби на Сонцето, Земјата (за метеорологија и други цели), планети и ѕвезди“, стои во документот, кој го потпишал директорот на Централниот научноистражувачки институт за машинство, Јуриј Можорин, во 1967 година.

Исто така е истакнато дека Месечината е прилично стабилна платформа за астро-телескопски системи, како и дека од неа може да се набљудува каков било објект во вселената речиси 14 дена. Месечината овозможува да се спроведат астрофизички истражувања без влијание на атмосферата.

Астрономската опсерваторија требало да биде направена на база на лунарниот модел Е-8 и да биде лансирана на Месечината со помош на ракетата носач „Пртонон-К“.
Според декласификуваните документи, планирано е првата советска лунарна база, која требало да биде распоредена во 70-тите години, да овозможи враќање за три космонаути во период од 20 дена.
„Тежината на лунарната станица е осум тона, времето на престојување на Месечината е 20 дена, бројот на космонаути истражувачи е три“, е наведено во документот.
Според документот, првото лансирање во рамки на формирањето на лунарната база требало да се случи во 1973 година. Но, плановите биле променети. Во периодот од 1969 година до 1972 година, сите четири лансирања на супертешки ракети носачи N-1, од космодромот „Бајконур“, завршиле несреќно. Затоа и советската лунарна програма била затворена.
Scroll to Top