Руски нобеловец предупредува: Никој не знае дали Путин ќе го стисне копчето за нуклеарно оружје

Руските власти можеби успеаа да го згаснат неговите весници, но новинарот Дмитриј Муратов одбива да биде замолчен, пишува „Би-би-си“. Кога новинарот на британската медиумска куќа се состана со Путин во Москва, главниот уредник на „Новаје газета“ и добитник на Нобеловата награда за мир, беше загрижен околу тоа колку далеку ќе отиде Кремљ во конфронтацијата со Западот.

„Две генерации живееле без закана од нуклеарна војна“, рече Муратов. „Но тој период заврши. Дали Путин ќе го притисне нуклеарното копче, или нема, никој не знае. Не постои ниту една личност која тоа може со сигурност да го каже“, рече Муратов за „Би-би-си“.

Откако Русија покрена инвезија врз Украина во февруари 2022 година, заканите со нуклеарно оружје од употребено од страна на Москва стана гласно и се почесто се слуша во јавноста.

Високи официјални лица дадоа не толку суптилни наговестување дека западните нации кои ја вооружуваат Украина не би требало премногу да ја предизвикуваат Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена ги најави плановите за поставување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Тогаш еден од неговите најблиски соработници, Николај Патрушев, предупреди дека Русија има модерно единствено оружје, способно да го уништи секој непријател, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави.

Дали е во прашање блеф или закана која треба да се свати сериозно? Муратов забележал загрижувачки знаци во Русија.

„Ќе видиме како државната пропаганда ќе ги подготви луѓето да помислат дали нуклеарната војна не е лоша работа“, рече тој и додаде: „Тука на телевизиските канали промовирањето на нуклеарна војна и нуклеарно оружје, е како да се рекламира храна за домашни миленици“.

„Објавуваат: ‘Ја имаме оваа ракета, таа ракета, друг вид на проектил. Говорат за гаѓање на Британија и Франција, за предизвикување на нуклеарно цунами кое ќе ја однесе Америка. Зошто тоа го зборуваат? Одговорот е за да луѓето тука бидат подготвени“, рече Муратов.

Неодамна на руската државна телевизија еден истакнат водител во ток-шоу, рече дека Русија треба да таргетира некоја воена мета на територија на Франција, Полска и Обединетото Кралство како легитимна мета на Русија.

„Истиот водител исто така предложил да се израмни островот со стратешко нуклеарно оружје и да се изврши пробно лансирање или истрелување на тактичко нуклеарно оружје, за никој во иднина нема илузии. Сепак државната пропаганда на Русија ја прикажува како земја на мирот, а Украина и Западот како агресори. Многу Руси веруваат во тоа“, вели Муратов.

„Луѓето во Русија се озрачени со пропаганда“, додаде тој. „Пропагандата е еден вид на зрачење. Сите се подложни на неа, не само Русите. Во Русија може да се види на дело пропагандата преку дванаесте телевизиски канали, десетина илјади весници, социјални медиуми како VK, руската верзија „Фејсбук“, која целосно и служи на државната идеологија. Но, се прашувам како утре пропагандата наеднаш ќе престане. Што ако целата работа се смири? Што тогаш ќе помислат Русите“, прашува Муратов и додава:

„Нашите млади генерации се прекрасни. Добро образовани. Речиси милион Руси ја напуштија Земјата. Многу од нив кои останаа категорично се против она што се случува во Украина. Тие се против пеколот кој Русија таму го создаде. Убеден сум дека, штом пропагандата престане, оваа генерација и суте други кои се со здрав разум, ќе проговорат“, додаде тој.

„Тие тоа веќе го прават. Против Русите кои протестираат покренати се 21.000 управни и кривични постапки. Опозицијата е во затвор. Згаснати се голем број медиуми. Многу активисти, цивили и новинари се означени како странски агенти“, додаде тој.

„Дали Путин има база на поддршка? Да, огромна. Но, тоа се старите луѓе кои Путин го гледаат како свој внук, Тие луѓе веруваат дека нивните внуци треба да одат и да се борат и да умрат за Русија“, рече Муратов.

Минатата година Муратов ја продаде својата Нобелова награда за мир за да собере пари за украинските деца бегалци. Не е преголем оптимист по прашањето на иднината.

„Никогаш повеќе нема да бидат нормални односите меѓу Русија и Украина. Никогаш. Украина нема да може да се помири со оваа трагедија“, рече тој.

Во Русија, ќе продолжи политичката репресија против сите противници на режимот.

„Единствена надеж која ја имам лежи во младата генерација. Оние луѓе кои на светот гледаат како на пријател, а не како на непријател и кои сакаат Русија да биде сакана и Русија да го сака овој свет. Се надевам дека оваа генерација ќе ме надживее мене и Путин“, рече Муратов.

 

Scroll to Top