Саудискиот принц го отрул човекот на кој му наредил да го ликвидира Кашоги

Саудискиот претсолонаследник, принцот Мухамед бин Салман, го ликвидирал човекот на кого му наредил да го убие новинарот Џамал Кашоги. Салман на овој начин сака да ја исчисти секоја трага што го поврзува него со убиството на саудискиот новинар, открива Ијад ел Багдади, критичар на саудиските власти.

Багдади, кој живее во Осло, на социјалните мрежи пренел дека принцот Салман за убиството на Кашоги го задолжил својот советник Ал Катани. Ова го покажуваат и налозите од истрагата што ја направила Турција. Багдади на своите оперативци, убијци им дал налог да го убијат новинарот Кашоги велејќи им: „Донесете ми ја главата на тоа куче“.

Саудискиот новинар Кашоги е убиен на 2 октомври 2018 година, во конзулатот на земјата во Истанбул. Уште на почетокот се веруваше дека зад неговото убиство стои саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Салман. По убиството на Кашоги, Катани се повлекол и ги извршувал стандардните работи во управата на Ријад.

Покрај објавата на Багдади и низ дипломатските кругови и на социјалните мрежи кружат гласишта дека Ал Катани е мртов. Багдади објавата на социјалните мрежи ја напиша на крајот на август на својот „Твитер“. Тој навел дека Катани лично бил отруен од престолонаследникот, но не сакал да го открие изворот на оваа информација.

Саудиското кралско семејство досега се нема изјаснето за наводната смрт на Ал Катани. Амбасадата на таа земја во Вашингтон исто така не излегла со соопштение и не сакале да излезат со коментар. Две лица, наводно блиски до Ал Катани, изјавиле дека Катани е жив, пренесува швајцарскиот медиум „Блик“.

Турскиот весник „Сабах“, кој детално ја следел турската истрага за убиството на Кашоги, пренел дека неговите последни зборови на убиениот новинар биле молба да не му ја покриваат устата, затоа што боледува од астма и би можел да се загуши.

Весникот објавил нови детали од снимката од разговорот меѓу Кашоги и членовите на групата Саудијци кои биле испратени да го убијат. До снимката на убиството во саудискиот конзулат стигнала турската известувачка агенција. Според транскриптот на снимката, член на саудискиот тим вели дека Кашоги мора да биде вратен во Ријад.

За него бил издаден налог од Интерпол. Исто така на снимката се слуша дека како еден од убијците го принудува Кашоги да му испрати порака на својот син да не се грижи доколку не му јави, дека сè е во ред, нешто  коешто го Кашоги одбил.

Scroll to Top