Се ближи граѓанска војна и крах на политичкиот систем во САД

Терористичката група Ал Каеда активно се обидува да го искористи моменталниот хаос кој завладеа во Соединетите Американски Држави, односно периодот на антирасистичките протести кои ја зафатија целата земја, но и светот, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Ал каеда се обидува да допре и до муслиманите и немуслиманите, за да се претстави како шампион на угнетените, пишува српски Курир.

Во последното издание на онлајн магазинот на џихадистичката група Van Umah (Една заедница) искористена е иконска фотографија од последните моменти на Џорџ Флојд и слика од прочуениот графит на уметникот Бенксиј, за да ја изнесе својата порака.

Ваквата поддршка не била посакувана од страна на демонстрантите во САД, пишува „Би-Би-Си“.

 

Една од пораките гласела: „Дури ни демократите не можат да ви помогнат, но ние можеме“.
Мина ал Лами од „Би-Би-Си“ Мониторинг, вели дека постои разлика во пристапот неѓу Ал Каеда и нејзиниот главен ривал, Исламската дражва (ИСИС). Додека ИСИС просто ликува на незгодите во САД и предвидување ширење на немири во други земји, Ал Каеда е далку посуптилна и се обидува да допре до Американците, за да ги преобрати.
„Би-Би-Си“ укажува дека текстот го напишал некој кој има добро знаење за тоа што се случува во САД. Ак Каеда и ИСИС, последните години беа фрлени во сенка, но доктор Шираз Махер, директорот на Меѓународниот центар за истражување на радикализацијата на Кралскиот колеџ во Лондон, верува дека групата проактивно се обидува да покаже, дека и понатаму е релативна на светската сцена.
„Протестите „Црните животи се важни“ се исклучително голем настан, кој имаат каскаден ефект ширум планетата и надвор од медиумската и политичка сфера, како и во културната и уметничка област. Ал Каеда гледа да се уфрли во тој простор и се обидува да каже „Погледнете и ние сме тука“, истакнува Махер.
„Би-Би-Си“ наведува дека иронично е тоа што групата со најопресивни и најкрвави идеологии на Блискиот исток, сега се претставува пред бесните Американци како прва причина за нивните бунтои, полициска бруталност и системски расизам.
Ал Каеда, која за време на Осама бин Ладен во септември 2001 година, ги спроведе најлошите терористички напади во историјата на САД, наметна такви нетолерантни правила, додека ја држела ирачката провинција Фалуџа, што на оние кои пушеле цигари им ги сечела прстите.
Од тогаш се појавија нивните насилни додатоци ширум светот, вклучувајќи го и ИСИС. Сепак и покрај повремените, изолирани напади, двете групи досега не успеале да изградат значителна поддршка меѓу американската популација, што е значителен контраст во односот на Европа, а во чии градови настанаа низа на групи на џихадистички симпатизери од деведесетите години па навака.
Со месеци, западните известувачки агенции предупредувале дека Ал Каеда не исчезнала, туку едноставно ја чека вистинската можност. Оваа година, Ал Каеда и ИСИС, лукуваа над здравствената криза поврзана со пандемијата со коронавирусот, која најлошо ја погоди САД и Велика Британија, наведувајќи дека тоа е одмазда за нивните акции на Блискиот исток.
Сепак, во Иран во моментов се заразени преку 175.000 луѓе, а во Египет се пријавени околу 2000 нови случаи на инфеција дневно.
Денес оваа одмазничка џихадистичка група се обидува да создаде заедничка цел со оние кои во САД демонстрираат против полициската бруталност и расната дискриминација, но тка што ги поттикнуваат на насилство.

Ако нивната интервенција воопшто биде забележана, сигурно нема да биде добредојдена кај демонстрантите, истакнува „Би-Би-Си“. Ал Каеда е терористичка организација која убила најмалку 3000 Американци во нападите на 11. септември 2001 година и која се завети дека тие и понатаму ќе им бидат на мета.

Колку од сите овие вести би требало да ги загрижат безбедносните структури? Доктор Махер, кој веќе 20 години ја проучува Ал Каеда и нејзината идеологија, верува дека тука станува збор за искористување на можноста.

„Природата на овој вид на пропаганда е дека таа секогаш се обидува од некаде да ја сплете својата мрежа. Само е потребна една јадица во една личност да каже: „Погледнете колку нашата кампања беше успешна“. Тоа е голем проблем со кој западните известувачки сили се соочуваат. Исто како и силите за безбедност, кога се обидуваат да го намалат овој вид на закана“, вели Махер.

Извор/Курир.рс

 

 

Scroll to Top