Се одгатнува мистеријата за чудовиштето од Лох Нес – со ДНК ќе се открие што живее во езерото

Тим на научници од разни краеви од светот се собраа на едно место, за да ги анализираат ДНК примероците од езерото Лох Нес во Шкотска, со цел да откријат кои сè облици на живеат таму.

Професорот Неил Гемел од Универзитетот Отаго на Нов Зеланд го водел тимот кој собрал повеќе од 250 примероци од водата. Станува збор за кожа, перјка, крзна, измет и урина. Деталните резултати ќе бидат објавени на 5. септември кога ќе се претстави целосниот извештај.

„Имавме собрано преку илјада пријави дека нешто необично е забележано во езерото Лох Нес, што се разбира ги потикна приказните за чудовиштето кое таму живе. Од сите тие пријави можеби четири имаат логично објаснување. Нашите истражувања ги отфрлаат повеќето теории, но една и после ова, останала прилично извесна“, вели Гемел.

Една од најраширените теории дека во Лох Нес живее долговратното чудовиште, односно plesiosaur, кој на некој чуден начин ги преживеало сите периоди во кои останатите диносауруси изумреле. Според друга теорија, чудовиштето од Лох Нес всушност е еден вид на сом, а трети сметаат дека станува збор за гранки, кои како последица на силниот ветер и водата пловат низ езерото.

Повеќето научници ги отфрлаат можностите за постоење на таканаречното чудовиште Неси, сметајќи дека таквите инсинуации се обична измама.

„Луѓето ги сакаат мистериите, а една од нив веќе со децении ги мачи не само Шкотите, туку целиот свет. Се разбира станува збор за чудовиштето од езерото Лох Нес. Иако може да се каже дека во овие води никогаш немало некое чудно суштество, сепак нас научниците не заинтригира и одлучивме да се позанимаваме со ова“, вели Гемел.

Една од најпознатите фотографии од чудовиштето од шкотското езеро, потекнува од 1934 година. Наводно ја снимил Роберт Кенет Вилсон, но подоцна се испоставило дека се работи за монтажа што на смртната постела ја признал Крис Спурлинг.

За време на претрагата на езерото, со звучен радар, норвешка група на експерти, открила девет метри долг модел на некаков вид на ѕвер. Подоцна е потврдено дека се работи за филмски реквизит, изработен за потребите на снимањето на филмот „Приватниот живот на Шерлок Холмс“, од 1970 година.

Иако за чудовиштето од Лох Нес постои разумно објаснување, фасцинацијата од суштество кое потсетува на диносаурус, не престанува, напротив носи милиони од националната економија. Стотина илјади туристи годишно доаѓаат да го посетат ова место секоја година, со надеж дека ќе снимат некоја нова интригантна фотографија.

Scroll to Top