Се подготвува медиумски напад врз Путин

Британските и американските известувачки служби во моментов се во активна фаза на креирање на антируска кампања, чија цел е дискредитирање на поединци од кругот на рускиот претседател Владимир Путин, како и од раководството на Министерството за одбрана на Русија, открива воен дипломатски извор.

„Како дел од неприкриените провокативни акции, експерти од американските и британските известувачки агенции измислуваат лажни информации за руското раководство“, наведува изворот.
Лажните информации ќе завршат во медиумите кои ја контролираат фондацијата која ја основале влијателни финансиери, како што се Џорџ Сорос и Вилијам Браудер, е наведено во извештајот. Изворот вели дека кампањата за клевета вклучува и новинска агенција која отворено ја финансираат американските власти.
Кампњата ја следи матрицата на аферата „Панама“, и се очекува пристрасните информации да се дистрибуираат преку патот на некомерцијални организации поврзани за Стејт департментот. Изворот подвлекол дека лагата за руското раководство претставува директна интервенција во внатрешните работи на Русија.
„Како и во случајот со Панамските документи и покрај апсурдноста на обвинувањата, Белата куќа користи фалсификати за да ги оправда санкциите.
Таквите акции се директно мешање во внатрешните работи на Руската Федерација во целта на дестабилизација на земјата, слабеење на економскиот потенцијал на Русија и формирање на полугите на политичкото влијание на нејзиното раководство“, додал изворот.

 

 

Scroll to Top