Се самоуби момчето кое откри дел од педофилскиот прстен во Холивуд

Човекот кој ги обвини истакнатите холивудски филмски могул дека управува педофилски прстен, Брајан Клафлин,  загина во подземна железничка станица во Берлин. 33-годишното момче заврши на шините под еден од германските возови. Службите случајот го третираат како самоубиство.

Инцидентот се случил веднаш откако Брајан му испратил мејл на својот адвокат, во кој го обвинува Гери Годард дека го силувал кога бил тинејџер.

Семејството на Клафлин и неговата сестра со кого ги споделил обвинувањата пред својата смрт, проговорија во медиумите за овој случај.

Годард кој во 1987 година го режирал филмот „Master of the universe“, и создал тематски паркови за Walt Disney и Univversal Studios, ги отфрли ваквите обвинувања преку својот претставник.

Брајан веројатно поради стресот од одвикнувањето од дрогата или одлуката да го разоткрие случајот, станал параноичен. Неколку недели пред неговата смрт, тој на своите родители им испратил порака дека се плашел од луѓето кои седеле на кровот во зградата во која живеел. Рекол дека го шпионирале.

Три дена пред неговата смрт, која службено е прогласена за самоубиство, испратил порака до својот татко дека некој го следи со пиштол.

Клафлин пораснал во Солт Лејк Сити и открил дека е хомосексуалец летото пред да го заврши средното школо.

Публицистот на Годард, Сем Сингер, во изјава за новинарите, ги негирал тврдењата на Брајан.

„Секој кој го познава господин Годард никогаш нема да поверува во овие тврдења“, изјавил Сингер и додал дека починатиот Клафлин често бил нечесен во работата со Годард.

Клафлин има патувано низ светот благодарение на Годард. Многу често се поттпирал на него што се однесува до финансиската поддршка.

„Господин Годард му помогнал на Брајан во текот на својот живот многупати. Никој му нема помогнато на Брајан како Годард“, изјавил Сингер.

 

Scroll to Top