Телохранителот на Владимир Путин, Михаил Захаров, кој бил на должност во Кремљ, извршил самоубиство. За трагичниот настан известил каналот „База Телеграм“.
Информациите за самоубиството го потврдија и од агенцијата ТАСС. Причините за неговото самоубиство би можеле да бидат рамнодушниот однос од страна на управата FSO кон неговата работа.
Медиумите пренесуваат дека FSO не му ги плаќала дополнителните часови на работа. Луѓето кои го обезбедувале претседателот, добивале прекувремени работни часови, откако голем број од службата почнале да си заминуваат.