Семејството Кашоги побарало помилување за неговите убијци

Семејството на новинарот и колумнист во „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги, побарало помилување за неговите убијци. Кашоги беше убиен на крајот на 2018 година, во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција.

Вчера судот во Саудиска Арабија донесе пресуда за осумина кои беа обвинети за неговото убиство. Судот изрече максимална казна од 20 години затвор за пет лица. Едно лице доби 10 години затворска казна, а уште две лица се казнети со по седум годишна затворска казна.

Судот во Саудиска Арабија вчера ја донесе конечната пресуда, откако семејството на Кашоги, побара помилување со кое се поштедени животите на пет лица. Тие требало да бидат погубени.

Државната телевизија во земјата, емитуваше неколку детали за правосилните пресуди од Кривичниот суд во Ријад, против осумината саудиски државјани. Нивните имиња засега не се објавени во јавноста, пренесува „Асошиетед Прес“.

Групата за заштита на човекови права и независни истражители на Обединетите нации, го критикуваа судењето, забележувајќи дека ниту едно високо официјално лице, ниту било кој за кого се сомневаат властите дека го наредил убиството, не бил прогласен за виновен.

Тие сметаат дека независноста на судот, исто така е доведена во прашање.

 

 

Scroll to Top