Сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, откри која е следната цел на Северна Кореја. Земјата испрати порака до својот јужен сосед, преку сестрата на Ким, велејќи дека таа ќе го направи следниот чекор.
Ваквата изјава доаѓа во време кога односите меѓу двете земји се напнати и откако пропаднаа главните комуникациски канали меѓу двете земји.
Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер и прв потпретседател на Централниот одбор на Работничката партија, најави дека ќе ги преземе потребните мерку против Сеул, известува Севернокорејската новинска агенција KCNA.
„Мислам дека е дојдено време одлучно да се прекинат односите со јужнокорејските власти. Наскоро ќе го преземеме следниот чекор.
Со овластувањето кое ме ги додели врховниот лидер и нашата Партија и држава, наредив до одделението на надлежните за сите прашања поврзани со непријателот, одлучно да се организира следниот чекор“, изјавила Ким Јо-џонг во соопштението за јавноста.
Пјонгјанг во вторникот, на 9 јуни, објави дека целосно ќе ја прекине врската меѓу властите на Северот и Југот, вклучувајќи ги и каналите на комуникација меѓу вооружените сили и високите челници на двете земји, известила новинската агенција на Северна Кореја.
Јужнокорејскиот претставник на одбраната подоцна потврдил дека Северот престанал да одговара на повиците упатени преку воениот комуникациски канал.
Короната и антирасистичките протести не го даваат замислениот резултат, но затоа Ким останува вечна закана за светскиот мир. Слични агенциски вести ја прикажуваат реалната состојба на разние неуспешни индоктринации.
Кога ќе остане без здив, Северна Кореја ја презема улогата, а народот веднаш ќе заборави што тој до вчера им правел.