Северниот магнетен пол се доближи до Русија, научниците ќе ги менуваат картите

Северниот магнетен пол се поместува кон Сибир и тоа многу побрзо од претходно, предупредуваат научниците. Голем дел од нив велат дека сега мора да се ажурираат службените карти на магнетното поле.

Северниот магнетен пол се поместува толку брзо што би можело да се помести и навигацискиот систем внатре во паметните телефони, отежнувајќи ја притоа работата на апликациите со картите, пишува Си-ен-ен.

Земјениот северен магнетен пол во последните неколку децении сè побрзо се поместува кон Русија. Научниците поради тоа заклучуваат дека досегашните проценки од неговата положба повеќе не се доволни за прецизна навигација. Затоа експертите овој понеделник, дури година дена пред планираното, морале да ги ажурираат податоците за неговата положба.

За разлика од северниот географски пол, кој е непоместен и претставува најсеверната точка на нашата планета, северниот магнетен пол полека се преселува од канадскиот Арктик кон Русија.

Од 1831 година, кога за прв пат е позициониран во канадскиот Арктик, северниот магнетен пол сè доближува околу 2300 километри кон Сибир. Неговото поместување од 2000 година е забрзано од 15 на 55 километри годишно.

„Причината за ваквиот настан сè турбеленциите во тековното јадро на Земјата. Таму се наоѓа жежок океан од железо и никел, а неговото поместување создава електрично поле“, изјавл геофизичарот Даниел Лејтроп од Универзитетот Мериленд.

Американската и британската државна агенција ја ажурирале локацијата на магнетното поле и правеле  нов навигационен модел на секои пет години, но оваа година морале да го направат тоа порано, поради сè побрзото движење на магнетното поле.

Иако ажурираниот навигационен модел најчесто се користи за воени цели, овој пат ќе се примени и за картографските системи на компаниите на „Гугл“ и „Епл“ за да мапирањето и понатаму остане прецизно. Но, според Си-ен-ен, промените во системите требало да бидат ограничени на подрачјата над 55 степени на северната географска ширина.

„Нема да има разлика за корисниците на картографските системи кои живеат под 55 степени на северната географска ширина“, изјавил геофизичарот Киран Беган.

Освен што поместувањето на магнетното поле може да претпоставува проблем за функционирањето на компасот во паметните телефони, би можело да влијае и на други електронски уреди.

На пример, авионите и бродовите исто така се ориентирани со помош на проценката на положбата на магнетното поле, иако со ваквата ориентација служат само во смисла на помошната навигација. Поместувањето на магнетното поле не влијае на GPS-системот, затоа што тој се темели на сателитската технологија.

Светските научници сметаат дека магнетните полови на крајот ќе ги заменат своите места. Тоа веќе се случило многу пати во историјата на Земјата, но не во последните 780.000 години. Многу бавниот процес на замената на местата на магнетните полови ни овозможува доволно време за подготовка.

Добрата вест е тоа што се работи за процес што може да трае повеќе од илјада години. Лошата вест е дека тоа што нашето магнетно поле ја штити нашата планета од штетното сончево и космичко зрачење. При процесот на замена на местата на половите, би можело да дојде до слабеење на ваквиот штит.

Според научниците од НАСА, дејствувањето на штитот не би требало целосно да исчезне и затоа ниту во тој случај не нè чека некоја голема катаклизма. Тоа што може да се случи е целиот живот на нашата планета да биде изложен на повисоко ниво на зрачење, што со време може да доведе до пораст на заболувања од разни болести, како ракот.

Исто така слабеењето на магнетниот штит може да дојде до оштетување на вселенските летала и на електричната мрежа на Земјата.

 

 

Scroll to Top