Со оглед на тоа што Џо Бајден со своите 77 години, е најстариот избран американски претседател, многумина се прашуваат што ќе се случи, доколку тој почине пред инаугурацијата, или за време на неговиот мандат.
Претседателот Доналд Трамп во повеќе наврати ги користеше неговите очигледни гафови во кампањата, во која демократскиот кандидат не успеа да покаже дека е соодветен за местото за кое се кандидираше на изборите во ноември.
Американскиот медиум „Кварц“, го твитна очигледното извинување во врска со текстот кој го имаше објавено под името „Што ќе се случи ако демократскиот кандидат Џо Бајден, умре пред инаугурацијата“. Текстот беше објавен за брзо време откако голем број новински мрежи, го прогласија поранешниот потпретседател, како победник на изборите на 3. ноември.
Од медиумот изјавиле дека го избришале твитот од приказната во која се објаснува што навистина ќе се случи, ако новоизбраниот претседател Бајден, умре пред да стапи на должност.
„Се надевавме дека ќе им помогнеме на оние кои го бараа одговорот на ова прашање. По грешка беше поставено и на нашиот „Твитер“ профил“, изјавиле од „Кварц“.
Во делот, кој, инаку никогаш не бил избришан, аналитичарот Тим Мекдонел, го дал своето мислење по ова прашање.
„Можеби делува морбидно, но со оглед на тоа дека Бајден со своите 77. години е најстариот претседател избран во историјата и дека се кандидира во период на пандемија, вреди да се размисли што би се случило ако умред пред да стапи на должност“, пишува Тим.
Известувачот додал дека ако Бајден умре пред да ја положи заклетвата за претседател, веројатно него ќе го замени, но не и задолжително, Камала Харис кандидатот за потпретседател на САД.
Тим со оваа изјава предизвикал револт кај голем број корисници на интернет и поддржувачи на Бајден, додека имало и такви кои смирено ја прифатиле неговата константација.
Еден корисник твитнал дека сака да го знае одговорот на ова прашање, затоа што истото е легитимно. Целата ситуација настанала, откако анкетата на Rasmussen Reports-a, која била објавена во август, покажала дека најмалку 59% од гласачите, сугерирале дека Бајден нема да може да го заврши до крај мандатот за претседател, ако победи на изборите во ноември.
Што се однесува до демократите, 49% од нив, наводно изјавиле дка Харис ќе мора да го замени Бајден во моментот на неговиот можен претседателски мандат.