Швајцарија забрани продажба на канцерогени дезодоранси

Швајцарија стана првата земја која забрани продажба на дезодоранси кои содржат карциногена алуминиумска сол.

По направената студија во 2016 година, преку која е утврдено дека отровните хемикалии пронајдени во дезодорансите играат значителна улога во карциномот на дојката, Швајцарското национално мнозинство ја изгласала забраната во парламентот. 126 пратеници биле за забраната, додека 58 пратеници биле против истата.

Мерката за забрана исто така го повикува мнозинството пратеници во Парламентот да изгласаат и спроведување на истрага со која би се докажала врската меѓу употребата на дезодорансот и зголемениот ризик од рак на дојката.

Алуминиумската сол е активна состојка која се користи во производството на многу антипреспиранти и дезодоранси кои се произведуваат на пазарот. Истите тие помагаат во спречување на претераното потење и отстранување на непријатниот мирис на телото.

Токсичната хемикалија се топи во потта и ја блокира работата на жлездите.

Од друга страна, хемикалиите ја намалуваат количината на влага која е присутна во кожата. Но, откриен е ефект кој промовира собирање на ткивата во дојките. Истражувачите и учесници во студијата предупредуваат дека повеќето антипреспиранти и дезодоранси се производи кои ја содржаат оваа супстанца која предизвикува рак.

Ракот на дојката и понатаму е најчестиот тип на рак кај жените низ целиот свет. Ова го потврдува извештајот направен од страна на Светската здравствена организација (WHO). Според светската здравствена проценка, од рак на дојка, само во 2011 година починале повеќе од 508.000 жени низ целиот свет.

Организацијата исто така истакнува дека претходно преовладувало мислењето дека ракот на дојката е најчеста појава во развиените земји.

Студијата е објавена во списанието International Journal of Cancer во јуни минатата година, а послужило како примарен катализатор за најновиот поттик на Швајцарија да ја забрани употребата на алуминиумска сол во производството на дезодорансите.

Како дел од студијата, тим на истражувачи од Универзитетот во Женева, ги открил ефектите на токсичните хемикалии, преку експерименти направени врз глувци.

Истражувачкиот тим утврдил дека долгото изложување на опасната хемикалија е поврзано со растот на туморот во ткивото на дојката на животните. Исто така оваа хемикалија може да го поттикне ракот да метастазира на други делови од телото.

Истражувачите предупредуваат дека луѓето, особено жените, требаат да избегнуваат да користат производи кои содржат алуминиумска сол. Исто така ваквата законска забрнаа ја споредија со онаа за азбестот.

„Мислам деа треба да ги избегнуваме сите дезодоранси кои содржат алуминиумска сол. Многу е тешко да се биде сигурен дека таканаречените безбедни дезодоранси не содржат алуминиум. Азбестот е евтин, има многу атрактивен индустриски потенцијал и беа потребни повеќе од 50 години за истиот се забрани. Се надеваме дека нема толку долго да трае и забраната за алуминиумската сол“, наведува коавторот на студијата Андре Паскал Сапино.

Експертот Дели Морган пак ги оспори ваквите тврдења на студијата, и укажа на значењето на можните замки при истражувањето.

„Со моменталните докази нема причина за грижа дека жените при употребата на ваквите дезодоранси може да заболат од рак на дојката. Постојат начини на кои може да се помогне да се намали ризикот од вакви болести. Тука се вклучува и конзумацијата на алкохолот, одржувањето на здрава телесна тежина и редовни вежби“, вели Дели Морган за „Хафингтон Пост“.

 

Scroll to Top