Шведскиот модел е изум на секта, доктор открива зошто во земјата многу починале од коронавирус

Еден од најгласните шведски критичари на националната стратегија во борба со коронавирусот, професорот Бјорн Олсен, тврди дека недостигот на критичко размислување кај здравствените агенции и шведските медиуми создало опкружување што наликува на секта и води до непотребна смрт.

Докторот за инфективни болести Олсен изјавил дека Шведска би можела да избегне многу негативни последици, ако навремено биле  преземени силни акции, вклучително и карантин за оние патници кои се враќале во земјата и препорака да се носат маски.

Олсен е гласен критичар на стратегијата на Агенцијата за јавно здравје за време на пандемијата со коронавирусот и еден од дваесет и двајцата научници кои редовно повикуваат на нејзина промена преку текстови во шведските медиуми, пренесува порталот Thelocal.se.

„Премногу луѓе починаа пред своето време. Умираа од вирусот што немал потреба неконтролирано да се шири“, изјавил во програмата на шведското радио.

Имено, во прашање е емисија во која гостите имаат еден час да бидат домаќини. Тој додал во едночасовната програма дека нема доволно време за попис на сите грешки што ги направила шведската Агенција за јавно здравје.

Олсен исто така ги критикувал и шведските медиуми поради, како што вели, недоволно испитување на стратегијата, велејќи дека во комбинација со „размислувањето на групата“ во рамките на агенцијата, тоа создало „смртоносен коктел“.

„Сектизмот е опасен и многу медиуми биле верни проповедници во сектата околу шведската стратегија. Групите имаат корист од тоа во собата да ги претставува еден вид адвокат на ѓаволот и испитувач кој ќе ги оспорува сите гледиштата на групата. Тоа очигледно недостасувало кога Агенцијата за јавно здравје ја карактеризира пандемијата со коронавирусот како обичен грип“, изјавил Олсен.

Тој говорел за тоа како коронавирусот, за разлика од грипот, не предизвикува рамномерно ширење на инфекцијата, туку група на кластери, ставајќи го опкружувањето, како што се болниците, домовите за нега, скијачките центри и подрачјата со пренатрупани станови, на поголем ризик.

И државниот епидемиолог Андрес Тегнел, кој станал лице на стратегијата, исто така бил домаќин во оваа радиоемисија претходно. Тегнел изјавил дека во Шведска починале премногу луѓе и додал дека земјата мора да разгледа дали постои начин да се спречи толкава висока стапка на смртност.
Тој ги карактеризирал бројот на смртни случаи меѓу постарите луѓе во Шведска како посебно голем неуспех. Но, затоа што пандемијата и понатаму трае, како што изјавил тој, невозможно е да се извлече заклучок која би била најдобрата стратегија.
Бјорн Олсен изјавил дека не верува дека е можен силен втор бран, но дека Шведска и светот треба да очекуваат локални кластери и дека веројатно ќе мора долго време да се живее со коронавирусот.

 

 

Scroll to Top