Си-ен-ен: Владата во сенка мора веднаш да го сруши Доналд Трамп

Аналитичарот на Си-ен-ен и поранешен агент на ФБИ, Филип Муд, ја повика владата во сенка да го сруши претседателот Доналд Трамп на каков било начин.

Говорејќи за телевизијата Си-ен-ен во понеделникот, Муд прашал  кога владата во сенка ќе излезе од сенка и ќе му се спротивстави на Трамп, особено по неговата прес-конференција со претседателот Владимир Путин во Хелсинки, Финска.

Следува делумен транскрипт:

Водителот: Сенаторот Мекејн вели дека заедничката конференција на Трамп и Путин била најсрамното прикажување на еден американски претседател на светска сцена. Филип, дали Вие се согласувате со тоа?

Муд: Мислам да, но мораме да се вратиме кратко по ова и да се прашаме што понатаму. Ги видовте сенаторите што се побунија. Во минатото сме виделе сенатори од типот на Мекејн, како и сенаторот Џеф Флејк, кои го напуштале Сенатот. Сега Марко Руби отворено проговори.

Водителот: Моето прашање е… кога членовите во внатрешниот круг на претседателот ќе му кажат – погледнете, имаме прекуморска дилема во која, во смисла на американската влада, нè прикажуваат полоши од тирани, односно тоа го прави Владимир Путин?

Муд: Секретарот на Државната безбедност излезе со изјава оваа недела за продолжување на руското влијание. Ова го немаше кога Обама беше претседател. Тоа се случи оваа недела. Директорот на ФБИ ја продолжува истрагата. Одделението за правосудство продолжува со истрагата. Конгресот и понатаму вели дека оваа истрага е легитимна. Ќе има значење ако ја видиме владата во сенка како излегува и вели – не можеме да се согласиме со владата, било да станува збор за кабинетот или за Сенатот.

Scroll to Top