Силна експлозија на Сонцето може да ја испржи целата Земја

By

На Сонцето би можела да се случи силна експлозија, таканаречен „суперблесок“, кој би можел да ги поремети условите на животот на Земјата, предупредуваат научниците.

Од време на време, ѕвездите како што е Сонцето, исфрлаат голема концентрација на енергија, која може да се види низ целата галаксија, дури и на оддалеченост од неколку илјади светлосни години.

Научниците веруваат дека Земјата засега е безбедно, затоа што ваквите појави воглавно се поврзуваат за младите и активни ѕвезди. Но, новите истражувања сугерираат дека и многу позрели ѕвезди, како нашето Сонце, би можеле да имаат вакви силни експлзозии.

Доколку би дошло до еден ваков суперблесок, тој би можел да ја оштети целата електроника на планетата. Ова е поприлично апокалиптично сценарио, затоа што без електроника, секој вид на комуникација ќе биде збришан и невозможен.

Ваквиот настан е редок, но сепак може да се случи на секои илјада години, сметаат научниците. Тоа на што се апелира е авторитетите да одговорат на ова предупредување и да ни овозможат некаков вид на потврда дека Земјата може да не заштити од вакво сценарио.

„Нашата студија покажала дека ваквите феномени се ретки“, изјавил Јута Нотс, водечкиот автор на студијата, која е презентирана на годинешниот состанок на „Американското астрономско друштво“.

„Сепак постои и некоја можност да можеме да доживееме таков настан во наредните 100 години“, додал Јута, пренесува „Индепендент“.

Нотс и неговиот тим заклучиле дека младите ѕвезди имаат вакви блескави моменти секоја недела. „Ѕвездите како нашето Сонце, тоа го прават еднаш во илјада години, во просек, велат научниците.

Тие не можат со сигурност да одговорат кога ќе настане следниот ваков суперблесок, но сигурни се дека тој ќе се случи.

 

 

Ќе ви се допадне