Сите жени на Владимир Путин, со една од нив снимил порнофилм

By

Рускиот претседател, Владимир Путин,  важи за човек кого го интересираат Русија, авиони, подморници, лов на тигри и морални доблести. Рускиот претседател имал многу жени во својот живот, а некои од заговорниците тврдат дека со една од нив снимил и порнофилм. За една од нив се тврди дека живее во подземен бункер.

Рускиот претседател бил слаб на жените, исто како и поранешниот американски претседател Џон Кенеди. Пред пет години во Русија се појави календар со манекенки за долна облека. 12 прекрасни девојки му испратија роденденска честитка на Путин.

Овој потег предизвика внимание во Русија, речиси на исто ниво како потегот на  Мерлин Монро, која предизвика скандал во значително полибералната Америка кога на оженетиот Џон Кенеди му  испеа роденденска песна.

Не е тајна дека ЏФК бил зависен од секс. Но, за разлика од него, Путин со години  го негувал  имиџот на семеен човек. Многумина велат дека изгледа како Аљоша Карамазов, лик од бројните галерии на Достоевски.

Неговата сопруга Људмила никогаш се нема појавено во јавност, па низ земјата се прераскажува вицот дека таа живее во некој подземен бункер на естонско-руската граница, каде што поудобно им е на белите мечки отколку на човекот.

Најпознатата љубовница на Владимир Путин е оперската пејачка Ана Нетребко. Таа е најголемата руска суперѕвезда која се занимава со сериозна музика. Пред шест години, таа ја отвори оперската сезона во њујоршкиот Метрополитан.

Путин на секој нејзин настап ја изненадувал со цвеќе. Ја нарекол најголема ѕвезда на светската оперса сцена и на тој начин им давал повод на сите оние со зли јазици кои сакале да ја спречат во успехот.

Постојано ја наградувал, па оттука, прво низ Русија, а потоа и во светот се раширија шпекулациите за нивната љубов. Но, откако Нетребко се омажи и доби дете, оговарањата прекинаа. Нетребко се венча за оперски пејач, свој колега и тенор.

По Нетребко, релациите меѓу Кремљ и Болшој театарот продолжија. Овој пат на ред беше примабалеријата Светлана Захарова, која во меѓувреме тајно стана и членка на Советот за култура на претседателот на Русија.

Захарова во повеќе наврати јавно изјави дека многу од работите за кои успеала во животот му ги должи на Владимир Путин.

Гимнастичарката Алина Кабаева е уште една од списокот на жени на Путин. Неа ја откри во јавноста чеченскиот претседател Рамазон Кадировиќ. Тој во 2008 година, додека Путин беше женет со Људмила, на „Твитер“ ѝ го честиташе роденденот и ја нарече „првата жена“.

Тоа ги поттикна шпекулациите дека постои и друга, а можеби и трета жена во животот на Путин. Тогаш почна јавно да се пишува за врската на Путин со гимнастичарката Кабаева.

Влијателниот весник „Кореспондент“ објави и текст дека Путин се верил со неа. Но, само еден повик потоа смени сè. Сопственикот на весникот, олигархот Александар Лебедев, брзо ја повлече приказната и го затвори медиумот.

Трачевите отидоа дотаму што се појавија и приказни дека Путин добил син со Алина. Кога Кабаева се појави на насловната страница на рускиот „Вог“ изјави дека станува збор за нејзин внук, но никој не ѝ поверува. Сепак, Алина подоцна направи голем раздор во бракот на Путин.

Путин доби ќерка со руската убавица, со која има и тригодишен син. Кабаева во меѓувреме престана да се занимава со спорт, а потоа стана и членка на Дума, пренесува „Њујорк пост“.

Меѓу љубовниците на Путин се најде и неговата лична фотографка Јана Лапикова. Таа била манекенка за долна облека и финалистка во изборот за Мис на Москва.

Според службената фотографија на Кремљ, таа ги забележела најзначајните интимни моменти од животот на Путин. Според Дмитри Песков, портпаролот на Путин, таа е избрана затоа што е одличен фотограф, а не поради нејзините женски атрибути.

Најтешката индискреција за неговиот сексуален живот, пред разводот, била таа за наводната снимка со која Путин бил уценуван. Путин му открил на поранешниот државен правобранител Јуриј Скуратов дека е снимен во сексуални сцени.

Овој детаљ е опишан во биографијата за Путин од Борис Ритшестер, чија книга „Путин – каде ја води Русија“ едно време беше голем хит во земјата.

Путин во тоа време беше  шеф на тајната служба  на поранешниот руски претседател Борис Елцин во Петровград. Тој успешно собирал компромитирачки материјали за противниците на Елцин. Агентите на Путин успешно го снимиле тогашниот правобранител Скуратов како учествува во оргии со две проститутки. Тоа Путин го искористил за да го уценува Скуратов да ја напушти положбата.

Скуратов во тоа време истражувал како се збогатило семејството на Елцин, но под силата на аргументите на Путин, подоцна се откажал.

Путин го признал разговорот што го имал со Скуратов, во кој тој го присилил на оставка, но никогаш не признал дали и самиот тој бил снимен со проститутки или со некои од неговите жени. Филмот со секс-сцените, на кои се верува дека го има и Путин, досега не е јавно прикажан.

Ритшестер тврди дека снимките со секс-сцените со денешниот руски претседател се наоѓаат во сефот на Татјана Елцин, ќерката на Борис Елцин, во Гармиш Партенкирхен. Неколку копии наводно се испратени во различни банки низ западна Европа.

Според тајните извештаи на германската служба БНД, Владимир Путин како шпион на КГБ во Дрезден имал повеќе љубовни афери. Во досието е прикажан и неговиот однос кон сопругата Људмила. Наводно, една германска агенција се спријателила со сопругата на Путин.
Таа го отворила своето срце за агенцијата и раскажала за нејзиниот брак. Сопругата на Путин наводно признала дека нејзиниот сопруг бил склон кон насилство, па дури и некогаш ја тепал. Не криела дека се сомнева дека Путин имал љубовница.
Германските медиуми повремено го напаѓале рускиот претседател, а дури и објавувале текстови во кои Путин го опишувале како личност која често ги менува своите сексуални партнери и како насилен човек. Наводно зад себе оставил и вонбрачно дете.
Како што пренесува „Билд“, податоците за него се наоѓаат во архивите на тајната полиција. Тие се повикуваат и на изјавите на Људмила во кои таа вели „Добро, барем не ме тепа“, како и самите изјави на Путин во кои вели дека секој кој ќе помине три дена со Људмила заслужува споменик.

Сепак, што е вистината за љубовниот живот на Путин, а што бизарно изработуван мит, никогаш нема да се дознае со сигурност.

Ќе ви се допадне