Скандал го тресе Ватикан, поранешниот Папа знаел за злоставувањата на деца

Папата Бенедикт XVI знаел за свештениците кои злоставувале деца додека бил надбикуп на Минхен од 1997 година до 1981 година. Ова било заклучено денес во извештајот на надбискупијата. Тимот, како што пренесува „Си-ен-ен“, ги отфрлил неговите негирања.

Папата Бенедикт, тогаш Јозеф Рацингер, ги негирал сите обвинувања на негова сметка, но во новиот извештај кој го нарача Католичката црква, се вели дека злоставувањата продолжиле и за време на неговиот мандат, а обвинетиот останал активен во црквената улога.

Адвокатот Мартин Пуш во Минхен кој бил член на комисијата која ги објавила резултатите од истрагата, рече дека два од споменатите четири случаи се однесуваат на злоупотреби кои се случиле за време на неговиот мандат.

Бенедикт, во меѓувреме продолжил да ги негира обвинувањата, навеле адвокатите од адвокатката фирма Westpfahl Spilker Wastl. додека ги откривале налозите од нивната истрага за историските сексуални злоставувања во Минхенската надбискупија кои траеле неколку децении.

Поранешниот Папа кој сега има 94 години, стана прв црковен лидер кој си поднесе оставка, по повеќе од 600 години. Откако се повлече во 2013 година од Ватикан, тој главно води мирен живот, пренесуваат медиумите.

 

 

Scroll to Top