Смртоносен вирус се шири меѓу морските цицачи поради топењето на мразот на Алјаска

Поради топењето на мразот на Алјаска, се шири смртоносен вирус phocine distemper меѓу цицачите, предупредуваат научниците. Вирусот бил откриен во 2004 година, а дошол од Атлантикот.

„Не можевме да откриеме како смртоносниот вирус завршил во овие морски брегови“, вели Трејси Голдстајн, научник од Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија.

Трејси ги истражува патогените микроорганизми низ морските екосистеми. Таа користејќи ги податоците добиени од изминатите години, во периодот од 2001 до 2016 година, забележала зголемување на смртоносниот вирус кој соодвествувал со топењето на мразот на Арктикот.

Трејси и нејзиниот истражувачки тим претпоставуваат дека заразените животни слејеќи се кон запад, го пренеле вирусот со себе. Резултатите од нивното научно истражување покажале дека климатските промени отвораат нови патеки за ширење на болестите.

Овој смртоносен вирус за прв пат бил откриен во 1988 година во Северна Европа. Благодарение на него, почниале повеќе од 18.000 фоки. Слична ситуација настанала и во 2002 година. Засега научниците се без одговор за тоа од каде би можел да потекне ваквиот смртоносен вирус. Некои претпоставуваат дека веројатно тој настанува со топењето на Арктикот.

Scroll to Top