Сноуден за „Шпигел“ тврди дека странските служби шпионираат сè и секого

Поранешниот човек на ЦИА, Едвард Сноуден, кој работел и како советник во Државната агенција за безбедност на САД и кој предизвика голема контраверзи со изнесените тајни документи, со кои докажа дека САД извршиле хакерски напади на компјутери ширум светот, за германскиот неделник „Шпигел“, предупреди дека западните служби го прислушкуваат секој граѓанин кој има во посед мобилен телефон, лаптоп или компјутер.

Човекот кој ја прекина службата со американските служби, сега за повеќе германски медиуми предупредил на засилената контрола на интернетот од страна на западните известувачки служби. Сноуден изјавил дека се надева дека сега ќе може да добие азил ѝ во Германија.

Веќе шест години минаа од скандалот кој го направи тој, со откривањето на тајните на американските западни служби, кои прислушкувале речиси сè и секого. Сноуден предупредува на демократскиот пресврт во Хонгконг, за кој тврди дека ќе биде срушен со истите досегашни методи, преку сеопфатно следење и набљудување, пишува „Дојче веле“.

Говорејќи за политичкото издигнување на американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон, Сноуден тврди дека секаде во светот, политичарите и претприемачите ја имаат разбрано моќта на технологијата и интернетот и дека можат да ги искористат истите за да ја зголемат својата моќ во светот.

Сноуден тврди дека техничкиот развој на интернетот стана опасна алатка во рацете на малкумина моќници.

„Во светот на тотално набљудување и следење, во кое би се гонело секое кршење на законот, без ниту еден исклучок, тогаш сите луѓе би станале криминалци“, изјавил Сноуден, барајќи да се прекине со масовното собирање на информации и шпионирање по интернет мрежата.

Сноуден покрај тајните служби, ги посочува и социјалните мрежи  „Фејсбук“ и „Гугл“. Поранешниот американски известувач вели дека првиот чекор на освестување на луѓето е дека мора да им стане јасно, колку истите се мета на следење и набљудување во секој нивен сегмент од животот.

„Доколку никој не развие некаква алтернатива, тогаш јас ќе ја развијам“, изјавил Сноуден за „Шпигел“.

„Дојче Веле“ потсетува дека Сноуден во САД е обвинет за предавство. Во обидот во 2013 година, од Хонгконг да стигне во Еквадор, тој е зпрен на аеродромот во Москва, откако од САД го поништиле неговиот пасош. Сноуден во Русија му бил одобрен азил, а истиот му истекува до следната 2020 година.

„Ми беше драго што добив политичка заштита. Побарав и од Германија и од Франција. Но, тамошните власти бараа причина да ме одбијат“, изјавил Сноуден во интервју за весникот „Велт“.

Сноуден е убеден дека денес во Германија тој би можел да добие азил, без поголеми последици по односите на Берлин и Вашингтон. Сноуден е убеден дека еден ден ќе може да се врати и во САД. Тој смета дека обвинувањата дека ја загрозил националната безебдност на САД не може да биде сватена за сериозна.

Причината поради која, најпознатиот светски известувач, поторно е присутен во германскиот печат е неговата нова книга Permanent Record.

 

Scroll to Top