Со коронавирус може да се заразиме и преку контакт

By

Со коронавируст може да се заразиме и преку контакт, пренесуваат некои од експертите, пишува српски „Курир“. Опасниот вирус се пренесува преку воздухот, каде што може да се задржи и до три часа. Ова се најновите сознанија на научнчиците и Светската здравствена организација.

Според нивното откритие, вирусот преку воздух може да се пренесе на голем број луѓе што се наоѓаат во затворени и непроветрени простории. Затоа е важно, предупредуваат експертите, да се носат маски и редовно да се спроведува хигиена и дезинфекција во сите затворени објекти.

Експертите што дошле до овие сознанија објасниле како тоа изгледа. Имено, секој човек за време на еден разговор или со издишување исфрла честички, кои потоа се шират и може да се разлетаат во околината. Тие честички лебдат во воздухот околу три часа.

Друго лице, кое ќе се најде и на поголемо растојание, може да ги вдиши и да се инфицира, а потоа на ист начин понатаму да ја рашири заразата.

Бенедета Алегранци, која во Светската здравствена организација работи на превенција и контрола на заразата, истакна дека оваа организација веќе подолго време ги следи очигледните докази за овој начин на пренесување на заразата.

„Нашите стручни тимови работат на откривање на овој начин на пренесување на вирусот. Сè уште не знаеме премногу за него, но се покажа дека преку воздухот се заразија голем број пациенти. Кога ќе ни бидат познати работите, ќе мораме да уведеме и некои нови мерки за заштите затоа што овие сегашните нема да бидат доволни. Тоа веројатно ќе се однесува на употреба на маска и ригорозно држење растојание, особено во кафулињата, рестораните и во јавниот превоз“, изјавила таа.

Со овие тврдења се согласува и членот од кризниот штаб во Србија, епидемиологот доктор Бранислав Тиодоровиќ.

„Пред себе имаме непријател кој не е невидлив. Тој и тоа како е видлив. Првин имаше знаци дека вирусот се пренесува со капки и на растојание од еден метар и дека тој паѓа на земјата поради тежината. Сега имаме уште една информација, а тоа е дека вирусот се пренесува и преку воздухот. Сè уште не знаеме што е тоа што го подига нагоре, дали станува збор за струењето на воздухот, како ветерот или кога ќе вклучиме клима-уред“, вели тој.

Едно е сигурно. Најбезбедна заштита од вирусот е носење маски во затворени простории и да се спроведат сите потребни епидемиолошки мерки, вели доктор Тиодоровиќ.

Инфектологот доктор Жарко Ранковиќ истакнува дека за пренесување на коронавирусот преку воздухот најопасни се затворениот простор и непочитувањето држење доволно растојание.

Точно е дека вирусот се наоѓа во воздухот и дека може да се заразиме и преку тој пат. И тоа е теорија од почетокот на пандемијата, особено кога зборуваме за капкови честички затоа што така и се пренесува. За ваквото пренесување на заразата идеални се затворените простории во кои луѓето не може да држат растојание од два метра, што ние го пропишуваме како една од водечките мерки на заштита, и во кои нема циркулација на свеж воздух“, објаснува доктор Ранковиќ.

Во американскиот град Маунт Вернон во Вашингтон за едно лице се сомнева дека заразило уште најмалку четири други што пееле со него во истиот хор. Некои од заразените не прекршиле ниту едно од правилата на држење социјално растојание.

Сличен инцидент се случил и на крајот на јануари во Гуангдију во Кина, каде што се верува дека една заразена личност им го пренела вирусот на уште девет луѓе што јаделе со неа во истиот ресторан. Научниците велат дека една од заразените муштерии седела дури шест метра од преносителот на заразата.

Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне

4Anime: Pokémon the Movie: Secrets of the Jungle anime episode Full online free at https://4anime.biz god of highschool 4anime

Website https://animeflix.nl: Watch Propagate animeflix Episode Full animeflix spirited away

Website https://kissanime.mx: Watch Hareluya II Boy kissanime Episode 3 watch anime free

WCOStream - Watch anime online, English dub anime

Bittube: https://bittube.tv/profile/animeflixnl

Independent academia: https://independent.academia.edu/gogoanimebe