Со помош на црните дупки луѓето може да патуваат низ времето

Со помош на црните дупки луѓето можат да патуваат низ времето, велат експертите. Тие објаснуваат дека црните дупки се еден вид на природни временски машини преку кои може да се патува и во иднината, но и во минатото. Сепак проблемот е како да се дојде до нив.

Во моментов нема човекот нема изградено ракета со која може да се доближи. Но и да има, експертите предупредуваат дека патувањето низ времето може да биде последното нешто што ќе ви се случи.

Експертите објаснуваат дека црната дупка е масивен објект кој се формира откако некоја ѕвезда ќе згасне. Како планетите и ѕвездите и црните дупки имаат гравитациони полиња кои ги привлекуваат работите околу нив. Колку е помасивен објектот, толку е посилно неговото гравитационо поле.

Колку е објектот помасивен, толку повеќе простор се протега и се наведнува околу него. Се создава еден вид долина во вселената, па кога предметите се приближуваат, паѓаат во долината.

Кога ќе се приближите доволно до кој било масивен објект, како што е црната дупка, ќе паднете во него. Затоа и светлината не може да избега од црната дупка. Страните се толку стрмни што не патува доволно брзо за да избега. Кога се протега просторот, така се протега и времето, велат научниците.

Така на пример часовникот што е во близина на масивен објект отчукува побавно од оној што е во близина на многу помалку масивен објект. Во близина на црната дупка отчукува многу бавно во споредба со оној на Земјата. Една година во близина на црна дупка може да значи 80 години на Земјата.

На овој начин, црните дупки може да се користат за патување во иднината.  Но, можете да патувате назад во времето само од кога е настаната таа конкретна црна дупка. Ако истата е создадена откако диносаурусите изумреле, тогаш нема да можете да се вратите во времето на Јура.

 

 

Scroll to Top