Со вакцините ви ставаат уред со ИП-адреса, уште една луда теорија на антиваксерите

Од почетокот на пандемијата голем број антиваксери туркаат пропаганди дека вакцините се штетни и дека преку нив се загрозува безбедноста на луѓето. Една таква антиваксерка доаѓа од Србија и таа ги нападна сите оние кои се вакцинираат.

Таа тврди дека преку вакцините на луѓето им се ставаат уреди со ИП-адреса, пренесе српски „Курир“.  Таа вели дека не сака да се вакцинира затоа што смета дека народот е збунет и верува во сè и сешто мислејќи дека на тој начин ќе се спаси од короната.

Жената чие име ѝ е познато на редакцијата на „Курир“, напишала дека сите оние кои примиле два различни типа вакцини во себе примиле и непознат чип со ИП-адреса и дека луѓето треба да симнат одредена апликација Bluetooth scanner за да проверат.

Таа продолжила агреивно да ги напаѓа сите оние кои пропагираат луѓето да се вакцинираат. Сепак голем број експерти потенцираат дека важно е да се напомене дека вакцината е цивилизациско наследство и дека досега го има спасено човештвото повеќе пати.

Иако многу луѓе починаа, сепак вакцината е еден од одбранбените механизми со кој организмот може да се заштити. Вакцината е единствениот пат за да се избориме со ова зло, велат тие.

Scroll to Top