Соланж Ноулс ѝ е ќерка на Бијонсе, тврди поранешен соработник на пејачката

By

Поранешен соработник на Бијонсе излезе во јавност со бизарна теорија во која тврди дека сестрата на светската музичка ѕвезда, Соланж Ноулс, е всушност ќерка на Бијонсе, пишува „Мирор“.

Изворот тврди и дека светската музичка ѕвезда лаже за годините на раѓање и дека нејзиниот вистински роденден е 4 септември 1974 година. Пријателот на Бијонсе тврди дека родителите ги одгледале двете како сестри, затоа што Бијонсе била премлада за да биде мајка.

„Роднината на Бијонсе ми кажа дека Соланж е нејзината ќерка. Тоа ми го кажа во доверба додека зборувавме за тинејџерските денови. Таа не е саркастичен тип и се сомневам дека би измислила нешто вакво скандалозно за свој роднина“, вели изворот.

Дека Бијонсе лаже за своите години, потврдува и изјавата на актерката Габриел Јунион, која изјавила дека таа и пејачката се знаат уште од тинејџерските денови.  Ако Бијонсе е родена во 1981 година, како што вели дека е, тогаш е невозможно во исто време двете да биле тинејџерки. Разликата меѓу нив е девет години“, изјавил изворот.

 

 

Ќе ви се допадне