Сонцето ќе ја уништи Земјата, вели научникот Џулијан Скандер

Научникот Џулијан Скандер од Универзитетот „Сасекс“ излезе со свои прогнози за Сонцето и иднината на Земјата. Тој вели дека Ѕвездата ќе сјае се посилно се додека не ги проголта целосно планетите од Сончевиот систем.

„Како одминува времето ќе не очекуваат се повисоки температури“, вели астрофизичарот Џулијан Скандер.

Тој објаснува дека ѕвездата ќе испушта се поголема топлинска енергија во вселената и ќе согорува огромни резерви водород. Сончевите зраци ќе бидат посилни за десет проценти, а температурата ќе порасне за 30 степени целзиусови. Растот на температурите нема да престане, смета Скандер.

Скандер прогнозира дека за највисоките температури ќе се случат за милијарди години и тие ќе предизвикаат целосно испарување на океаните во Земјата. До тогаш целиот живот на планетата ќе биде уништен.

„Целата вода ќе испари во атмосферата. Сината планета каква што ја познавеме сега, ќе се претвори во жешка пустина. Земјата ќе биде исто како Венера. Човештвото целосно ќе исчезне. За милијарда години Сонцето ќе остане без водород и ќе почне да согорува хелиум и на крајот ќе настане црвена џиновска планета“, објаснува Скадер.

Тој вели дека Сонцето во тој процес ќе ја изгуби масата, а со тоа ќе ја изгуби и гравитационата сила. Во тој случај Земјата ќе заврши во друга орбита. Надворешна обвивка екстремно ќе се прошири, се до денешната орбита на Марс.

Исчезнувањето на Сонцето ќе значи апсолутен крај на Венера и Меркур. Тие целосно ќе бидат проголтани. Земјата ќе биде доволно оддалечена од Сонцето, но повторно изгледите за нејзин опстанок не се иделани. Во секој случај животот на Земјата ќе изумре и од неа ќе остане само вжештена топка, истопен камен и метал.

Откако Сонцето ќе ги потроши сите резерви, тоа ќе стане нестабилно и ќе ја изгуби обвивката во вселената. Потоа полека ќе ја губи моќта, се додека не согори целосно. Остатоците од нашиот Сончев ситем ќе исчезнат и ќе настане целосен мрак, вели Скадер.

Scroll to Top