Сорос го обвини Цукенберг дека му помага на Трамп преку „Фејсбук“ пак да стане претседател

By

Милијардерот Џорџ Сорос го обвини првиот човек на „Фејсбук“ Марк Цукенберг, дека му преку рекламирањето на социјалните мрежи, му помага на Доналд Трамп, пак да се избори за функцијата претседател на САД.

Тој  побарал од челниците на компанијата на „Фејсбук“, Марк Цукенберг и Шерил Сандберг, да се повлечат од функцијата, а во писмото кое го испратил до „Фајненшел тајмс“, навел дека одбивањето на „Фејсбук“ да ги отстрани политичките реклами, му помага на Доналд Трамп повторно да биде избран за претседател на САД.

Писмото е објавено во пресрет на посетата на Цукенберг на Европа, каде ќе има средба со лидерите на Европска унија. Цукенберг од нив ќе бара поблага законска регулатива. Неговите предлози наидоа на мала реакција кај европските лидери. Цукенберг сака да ја промени сегашната регулатива која се однесува на штетната содржина на интернет платформата. Тери Бретон, европскиот комесар за индустрија, изјави дека ЕУ нема да се прилагодува на компанијата „Фејсбук“, туку треба да биде обратно.

Во краткото писмо Сорос, познат и како финансиер на Демократската парија во Америка истакнува дека Цукенберг има заеднички договор со Доналд Трамп за да му помогне околу реизборот.

„’Фејсбук’ не мора да чека владина регулатива за да престане да прифати какви било политички реклами во 2020 година, се додека не завршат изборите на 4 ноември. Ќе го повторам мојот предлог. Марк Цукенберг и Шерил Сандберг нека отстапат од позицијата со која го контролираат ‘Фејсбук’“, изјавил Сорос.

Тој додал дека, иако го поддржува барањето владата да ја контролира работата на социјалните мрежи, тој смета дека Цукенберг го поматува фкатот кога говори за контрола на интернетот.

Сорос познат како критичар на „Фејсбук“, а во ноември 2018 година, од компанијата признаа дека ангажирале фирма која се занимава со односите со јавност, за да покренат кампања против богатиот бизнисмен.

„Компанијата „Дефинерс“, е ангажирана за да ја истражи врската меѓу Сорос и компанијата „Слобода од Фејсбук“. Сандберг прво ја демантираше ваквата информација, а подоцна појасни дека е вистинита.

Ќе ви се допадне