Свештеници од шпанската Католичка црква сексуално нападнале деца, а целата работа ја прикрил Ватикан

By

Обвинителите во Шпанија истражуваат 68 случаи на сексуални напади на малолетници, пренеуваат светските медиуми. Како што соопштиле од јавното обвинителство во Шпанија, биле злоставувани деца, а осомничени се свештеници и работници во католичката црква.

dobivaj vesti na viber

Се работи за случаи со сексуален напад од страна на католички свештеници, но и за можно прикривање на целата работа од Римокатоличката црква велат од обвинителството.

Од таму велат дека се појавила табела со кривични предмети покренати во 17 шпански региони за наводни сексуални напади на малолетници во конгрегациите, школите, но и другите верски установи. Тие рекоа дека вакви случаи се случиле низ годините и во други земји, како на пример САД, Ирска или Франција.

Сомнежите за злоставување на деца е во центарот на внимание во земјата, откако весникот El pais пред два месеци објавил дека наишол на 1200 пријавени случаи во периодот меѓу 1943 и 2018 година.

Бискупската конференција во Шпанија, во јануари соопшти дека ќе формира комисија на ниво на бискупи за сослушување на тужбите кои ги поднеле жртвите. Владејачката Социјалистичка партија минатата недела предложи формирање на независна комисија предводена од народниот правобранител во земјата.

Католичката црква на Шпанија на својот веб сајт има посебна страница за тоа како постапува во случаите со сексуални напади. Прво се поднесува жалба до црквата, а потоа сите собрани докази се испраќаат во Ватикан.

Од Црквата велат дека ги поттикнуваат жртвите да се јават и да го пријават случајот и до регионалниот обвинител.

 

Ќе ви се допадне