Светот ќе се соочи со недостиг на луѓе, предупредува канадски политолог

Дарел Брикер, канадски политолог, во своето истражување открива дека светот би можел да се соочи со големи проблеми поради недостиг на жени. Тој во својата книга „Празна планета“ Empty Planet заклучува дека светот веројатно во иднина би имал проблем и воопшто со недостиг на луѓе, место со проблемот дека ги има премногу.

Во својата книга тој ја претставува сликата во Кина која според направените истражувања својот врв на родна фаворизираност го имала во 2005 година, период кога почнало да се чувствува недостигот на жени кои се во репродуктивна доба.

Тоа се должи пред сè на притисокот на државниот апарат во земјата. На двојките во урбаните средини им било дозволено да имаат две деца, само под услов самите тие да немаат браќа и сестри. Оние кои живееле на село второто дете им било дозволено само во случај првороденото дете да било девојче.

За оние кои ќе ги прекршеле овие правила, казните биле прилично ригорозни. Со оглед на фактот дека Кина е традиционално патријархална земја, насочено кон машкото потомство, политиката на едно дете довела до тоа  жените да ги напуштаат женските деца или абортираат.

Во моментов на светот му недостигаат 23,1 милион жени, а на оваа бројка влијаела оваа бизарна пракса. Дури 10.6 милиони жени недостигаат во Индија, а 11,9 во Кина, пишува Daily Mail.

Научниците тврдат дека политиката на едно дете влијаела на ваквите бројки со оглед на тоа дека родителите правеле сè за единственото дете кое ќе го добиеле да биде машко.

Тим од Сингапур во своето петгодишно истражување вклучил податоци од 202 земји, вклучувајќи ги и оние кои во некои момент од својата историја машките деца ги фаворизирале во однос на девојчињата. Поради тоа во некои места односот на полови бил 118 наспроти 100 во корист на мажите.

Научниците велат дека интересен се покажува фактот што од друга страна во повеќето земји жените се тие кои имаат подолг животен век. Во Велика Британија, Канцеларијата за национална статистика открива дека мажите живеат во просек 72,9 години, а жените 82,9 години.

Исто така, на секој маж кој ќе наполни 100 гoдини постојат четири жени кои стануваат стогодишни. Научниците велат дека ваквото „природно исправување“ е необјасниво, но сепак придонесува за светската рамнотежа.

Scroll to Top