Светскиот џет-сет се подготвува за апокалипса, најбогатите купуваат бункери, острови и оружје, додека обичниот човек ќе ја чека во подруми со конзерви риба

By

Пандемијата, нуклеарните војни, биолошките, политички, економски или природни катастрофи, па дури и инвазија од вселената се причините поради кои најбогатите се подготвуваат за некаков вид  апокалипса. Тие купуваат бункери, острови и оружје со цел да се заштитат во иднина.

dobivaj vesti na viber

Причини за потенцијална катастрофа каква што може да претпоставиме дека ќе се случи има илјадници луѓе се плашат од она што ќе следува потоа, пренесуваат медиумите.

Токму затоа движењето Prepers кое постои со децении наназад веќе се подготвува. Пандемијата со коронавирусот и актуелните случувања во Украина беа причина тие повторно да се активираат. Како што и името кажува, во прашање се луѓе кои се подготвуваат за апокалипса.

Заедничко кај овие луѓе е долгорочното планирање за да успеат да преживеат еден таков апокалиптичен настан. За разлика од нив обичниот човек ќе се обиде да заштеди пари, да акумулира залихи од лименки и да го преуреди подрумот за подолг престој во него. За богатите постојат бункери со луксузни апартмани, приватни плажи и персонал оспособен да се грижи за нив кога ќе дојде судниот ден.

„Повеќе од половината милијардери кои ги познавам поседуваат приватни бункери кои имаат намера да ги искористат во случај на некој апокалиптичен настан“, рече Рид Хофман, еден од основачите на „Линкедин“.

Стив Хофман е еден од основачите и на „Редит“. Тој веќе ја има опремено својата куќа во Сан Франциско со оружје и мотори. Дури и направил операција на очите за да го подобри својот вид и да ги зголеми шансите за преживување во случај на апокалипса.

 Svetski milijarderi se spremaju za apokalipsu - YouTube/screenshot/CNET

„Некои милијардери купуваат бункери поради страв од реакцијата на другите. Долго време работат на технологии кои ќе го заменат човечкиот труд, па се плашат дека луѓето ќе ги нападнат. Друга причина се политичките немири“, рече Хофман.

„Повеќето не веруваат дека тоа може да се случи, но веруваат дека постои шанса да се случи нешто слично. А кога имате доволно пари на располагање, тогаш тоа е логичен потег”, рече Јишан Вонг, поранешен директор на „Редит“.

 Svetski milijarderi se spremaju za apokalipsu - YouTube/screenshot/CNET

„Нов Зеланд во моментов е најпопуларната дестинација“, рече Питер Тил, претприемач чие богатство се проценува на 10.000.000.000 долари.

Тој успеал да купи државјанство во Нов Зеланд во 2011 година бидејќи бил инспириран од книгата на Џејмс Дејвидсон, „Како да преживеете и да успеете во случај на апокалипса“.

Тој го опишува Нов Зеланд како најдобрата дестинација што можете да ја најдете кога ќе дојде време за тоа. Книгата зборува за група поединци кои успеале да се сокријат од колапсот на цивилизацијата и чекале да помине хаосот. Потоа почнале да го градат светот од ново и да владеат со него.

 Svetski milijarderi se spremaju za apokalipsu

Кои се подготвувачите? Ова движење се нарекува уште и сурвализам, а неговите членови се сурвалисти. Станува збор за луѓе кои освен што се опседнати со подготовка за апокалиптични сценарија од секаков вид, постојано се подготвуваат и за лични кризни ситуации како губење работа или справување во тешки услови.

Подготовките се засноваат на обука за зајакнување на телото и духот, акумулирање на резерви  храна, собирање медицинска опрема, оружје, муниција и учење на древни техники за преживување.

 Svetski milijarderi se spremaju za apokalipsu - YouTube/screenshot/CNET
 Svetski milijarderi se spremaju za apokalipsu - YouTube/screenshot/CNET

Ќе ви се допадне