Тајни документи за војната во Украина протекоа од Пентагон, САД го бара кртот

Голем број тајни документи од Пентагон излегоа во јавност. Во нив има доверливи информации за војната во Украина, но и за Блискиот исток и Кина. Според информациите за војната во Украина, откриено е дали Америка активно ги шпионира голем број од земјите во светот, меѓу кои и сојузниците.

Во некои од фајловите кои стигнаа во јавноста е опишана лошата состојба на воената машинерија на Москва, но исто така и на слабата позиција на украинската армија.

Извештаите покажуваат дека САД ги шпионираат украинските воени и политички лидери, како и други важни американски сојузници, меѓу кои Израел и Јужна Кореја.

Висок американски претставник, го нарече ваквото прочурување на доктументите, масовно кршење на известувачките податоци. ФБИ почна истрага и ќе се обиде брзо да го најде изворот и кртот, рекоа високи официјални претставници, а пренесе „Њујорк тајмс“.

„Истрагата е фокусирана на претпоставката дека документите излегле од САД, бидејќи за голем дел од објавените документи знаеа само САД“, рече за Ројтерс поранешниот функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.

Во документите има и за крвавата битка за Бахмут. Украинската војска била блиску да загуби клучни битки во војната. Еден слаб пат за снабдување на украинските војници кои се борат на улиците на источниот град Бахмут бил запален.

Заменик-секретарот за печат на Пентагон, Сабрина Синг, коментирајќи ги извештаите, рече дека САД се запознаени со извештаите за објавите на социјалните мрежи и дека американското Министерство за одбрана истражува што се случило.

Да потсетиме, претходно беше објавено дека во Бајден Центарот за дипломатија и глобален ангажман во Вашингтон се пронајдени десетина владини документи со ознака „доверливо“.

Поранешниот вработен во Агенцијата за национална безбедност (НСА) и кодош Едвард Сноуден, претходно рече дека за време на неговиот мандат, американскиот претседател присвоил многу повеќе доверливи документи од свиркачите.

По некое време, во куќата на Бајден биле најдени втор сет на доверливи документи од времето кога тој беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Scroll to Top