Таксист тврди дека убијците на Кашоги славеле додека ги возел

Саудиските убијци кои брутално го убиле новинарот Џемал Кашоги славеле во таксито со кое се возеле до аеродромот веднаш по злосторството што го извршиле во Конзултатот на Саудиска Арабија во Турција.

Ова го сведочи таксистот кој ги превезувал убијците и кој вели дека подоцна ја сфатил причината за нивното добро расположение во таксито.

„Беа среќни и задоволни, а наздравуваа со алкохол и пушеа“, раскажува таксистот за „Хабер“.

Меѓу бив имало и висок официјален претставник близок до принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман“, вели таксистот.

Турската истрага утврдила дека Саудиска Арабија испратила во Истанбул екипа од 15 мажи со различни профили со задача да го убијат Кашоги во конзултатот во Истанбул. Се верува дека убиството го наредил директно принцот Мухамед, нешто што високите претставници во Саудиска Арабија го негираа.

Еден пријател на Џамал открил за „Сандеј експрес“ дека Кашоги подготвувал текст во кој требало да открие дека Саудиска Арабија во војната со Јемен користела хемиско оружје.

„Се видовме недела дена пред убиството. Беше несреќен и загрижен. Кога го прашав зошто е загрижен, не ми одговори директно, но подоцна ми спомна дека има докази дека Саудиска Арабија користела хемиско оружје. Ми рече дека се надева дека наскоро ќе добие документи кои тоа го докажуваат. Следно што слушнал за него е дека исчезнал“, вели пријателот на Кашоги.

Саудиска Арабија и претходно била обвинувана дека употребува фосфорна муниција во Јемен.

Турција, која спровела детална истрага, го повикала Ријад да му ги испорача 18-те осомничени лица за убиството на Кашоги, но тие одбиле и рекле дека ќе им се суди дома. Проблемот настанал и со телото на убиениот новинар. Саудијците минатата недела соопштиле дека убијците го замотале Кашоги во тепих и го предале на локалниот помошник, но турските власти тврдат дека телото на новинарот било распарчено. Постои сомнеж дека остатоците од неговото тело биле фрлени во бунар што се наоѓал во градината на резиденцијата на саудискиот конзулат во Истанбул.

Саудиска Арабија  повеќепати лажела за убиството на Кашоги. Прво демантирале дека бил убиен, па признале дека несреќно загинал во тепачка, а потоа демантирале дека не загинал несреќно во тепачка, туку го убиле во паника, за  на крајот конечно да признаат дека неговото убиство било испланирано.

Турција сега го бара телото на Кашоги за тоа да биде предадено на семејството и достојно да биде погребано.

Scroll to Top