Таткото на Бритни Спирс добивал закани од нејзините фанови дека ќе го убијат

Таткото на светската пејачка Бритни Спирс, Џејми Спирс, се огласи во јавноста дека добивал закани од разни луѓе за кои смета дека шират разни теории на заговор, кој сметаат дека тој само се обидува да извлече пари од својата славна ќерка.

Во едно од своите ретки интервјуа што ги дава во јавноста тој за движењето „Ослободете ја Бритни“ ги нарече дека се чисто дно.

Сите што застанаа во одбрана на Бритни тој ги нарече теоретичари на заговор затоа што меѓу нив двајцата не се случува ништо драматично и дека тој не се обидува да извлече пари од својата ќерка.

„Ме прогонуваат и ми се закануваат со смрт. Не сакаме такви фанови. Јас ја сакам мојата ќерка. Ги сакам сите мои деца, но ова е наша приватна работа. Сите тие теориетичари на заговор не знаат ништо за нас. На судот е да одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Оваа работа не се однесува на никој друг. Јас пред судот треба да ја оправдам секоја потрошена пара за мојата ќерка. Тоа го правам секоја година. Како би можел да украдам нешто?“, изјавил Џејми.

Бритни Спирс веќе 12 години е под судско старателство, под кое е ставена по доживеаниот нервен слом во 2008 година.

За идниното старателство судот треба да одреди и да донесе одлука до крајот на овој месец. Судот на 22 август ќе треба да донесе одлука дали на Џејми ќе му биде продолжено старателството.

 

Scroll to Top