Таткото на Кевин од „Сам дома“ бил криминалец

Теориите на заговор за филмот „Сам дома“ од 90-тите години стануваат сѐ полуди и полуди. Еден корисник на „Редит“ јавно прашува од каде семејството на главниот актер Кевин Мекалистер има толку многу пари. Тој истовремено заклучува дека сигурно таткото на Кевин, Питер Мекалистер, е некаков криминалец.

Во филмот никогаш не објасниле со што се занимава таткото на Кевин и како тој може да си дозволи скапи одмори и голема семејна куќа. Особено ако се земе предвид дека неговата сопруга не работи, а имаат пет деца.

Најновата теорија е дека Питер Мекалистер се занимава со нешто нелегално.

„Сам дома“ е еден од моите омилени филмови и сум го гледам милион пати. Но, почнав да забележувам некои работи што не ми паднале на памет како дете. Една од тие работи е и идејата дека таткото на Кевин се занимава со некоја матна работа. Мојата теорија е дека тој е криминалец или мафијаш од среден ранг“, тврди корисникот на „Редит“.

Тој понудил и неколку дообјаснувања на својата теорија:

„Првпат го гледаме Питер кога Хари доаѓа во неговата куќа како полицаец. Питер на средбата се однесува многу дефанзивно. Хари го прашува кој е сопственик на куќата, а Питер веднаш се вознемирува и си мисли дека на повидок е некаква неволја. Постојано е нервозен додека разговара со Хари“, тврди корисникот на „Редит“.

Како втора причина го наведува фактот дека е прилично чудно што неговата работа не се споменува никогаш во филмот.

„Не се споменува ништо за тоа што тој го работи. Дури и во книгата што е напиша според филмот пишува дека се занимава само со некој бизнис, што претставува матно објаснување. Питер очигледно заработува доволно пари за неговата сопруга да не мора да работи, иако имаат пет деца. Нивната куќа исто така мора да вреди барем 1,5 милион долари“, вели корисникот на „Редит“.

Дури и однесувањето на членовите на семејството оди во прилог на неговата теорија.

„Мајката на Кевин е ладна и емотивно мртва, која му говори страшни работи на осумгодишниот син. Баз е психопат, кој веројатно ќе ги следи стапките на татка си. Вујкото Френк очигледно е некаков измамник. А тука е и Кевин, кој смета дека е во ред да ги убие двајцата арамии што се обидуваат да го ограбат. Не мислам дека неговата идеја била само да ги онеспособи. Кевин сакал крв. Кога имав осум години, совршено бев свесен дека ако некому му фрлам тула во главата од шест метри, тој може да умре“, заклучил корисникот на „Редит“.

 

 

Scroll to Top