Техеран ќе го убие шпионот на ЦИА кој го уби генералот Сулејмани

Техеран ќе го убие шпионот на ЦИА кој го уби генералот Касим Сулејмани, пренесуваат светските медиуми. Иранскиот државјанин, кој на американските и израелските известувачки служби им откри каде се наоѓа иранскиот врховен воен командант Касим Сулејмани, ќе биде наскоро погубем, изјавиле од иранското обвинителство.

Сулејмани беше убиен на 3. јануари оваа година, за време на нападот на аеродромот во Багдад, напад зад кој стојат Соединетите Американски Држави.
Вашингтон го обвини иранскиот командант дека го организирал нападот на Иран и неговите сојузници на американските сили во регионот.
„Мохамед Мосави Мајд, шпионот од Централната известувачка агенција и Мосад, е осуден на смртна казна, затоа што на нашите непријатели им ја откри локацијата на која се наоѓаше Касим Сулејмани“, соопштил портпаролот на министерството за правда на конференцијата за новинари, а пренесе „Ројтерс“.
По убиството на Сулејмани, Иран на 8. јануари изврши ракетен напад на американската база во Ирак. Никој од припадниците на американските сили не загинал, но потрес на мозокот, подоцна е потврден кај стотина војници.
Scroll to Top