Тензии во односите меѓу САД и Русија, шпионски сателит на САД улови руска ракета

Руската ракета „Космос 2542“ позната како „вселенски инспектор“, по неколкуте маневри, влегла во орбитата на американскиот простор. Ракетата ја открил американскиот шпионски сателит под ознаката САД-245. Во Пентагон сметаат дека Русите или собираат податоци за сателитот вреден четири милијарди долари, или се подготвуваат да го уништат.

Сензори и камери

Руската ракета, чија ознака „космос 2542“ е лансирана во ноември минатата година и на почетокот на секои 11 или 12 дена поминувала покрај американскиот шпионски сателит. На 20 и 23 јануари „Космос 2542“ неочекувани направил неколку маневри и влегол во истата орбита во која се наоѓал и американскиот сателит.

Ваквиот потег на руската страна, внесол вознемиреност кај американските експерти. Во воен период, ваквиот обид би се сметал за подготовка за напад. „Космос 2542“ е познат и како „вселенски инспектор“. Во прашање е сателит опремен со бројни сензори и камери, а направен е за следење на други сателити. Тој е со големина на фрижиџер.

Во Пентагон предупредуваат дека тој би можел да биде опремен и со ласери, микробранови со голема сила или радио-фреквенции за уништување или правење пречки на други сателити.

„Космос 2542“ е лансиран на 25 ноември од космодромот „Плесетцк“, северно од Москва. Руската страна тогаш навела дека тој ќе биде користен само за проверка на домашните сателити. Леталото настанало на основа на единствената мултифункционална платформа, затоа што е лансирано во Земјината орбита за да ја следи работата на домашните сателити. Поседува опрема со која може да ја снима површината на Земјата“, навеле од Руското министерство за одбрана.

Опасна пракса

Порталот „Дејли бист“, пренесува дека рускиот сателит е лансиран со помош на ракетата од типот „Сојуз“.

„Ова летало може да биде опрмено со ласери или може да содржи експлозив. Секое приближување на воен или шпионски сателит може да биде потенцијална опасна пракса“, вели Анатолиј Зак, независен експерт за руски вселенски летала.

Вообичаена пракса

Шпионирање на сателитот

Шпионирањето на шпионските сателити не е непознато нешто. Во последните десетина години, Русија, САД, Кина, Јапонија и Шведска имаат лансирано по неколку „вселенски инспектори“, кои им служат за шпионирање на туѓите шпионски сателити. Најпознатиот од сите е мистериозниот „вселенски инспектор“, американскиот X-37B, кој изгледа како минијатурен спејс-шатл.

Резил

Имитација на Ѕвездени патеки

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп, неодамна ги основаше Вселенските сили, но се посрамти претставувајќи го нивниот грб поради големата сличност со логото на измислената Ѕвездена команда од серијалот „Ѕвездени патеки“. Претходно беше критикувана одлуката дека Вселенските сили имаат класична камуфлажна униформа за шума.

 

 

 

 

 

Scroll to Top