Тестаментот на принцезата Дајана бил изменет по нејзината смрт

Тестаментот на принцезата Дајана кој го направила пред нејзината смрт, бил променет по нејзината смрт. Некои од нејзините желби никогаш не биле остварени. За тоа било виновно не кралското семејство, туку мајката и сестрата на Дајана. Двете ги измениле некои од желбите кои Дајана ги оставила во тестаментот.

Своите последни желби Дајана ги составила и потпишала четири години пред да загине. Дајан нешто променила неколку месеци по разводот од принцот Чарлс. Според изменетиот тестамент, 75% од накитот на Дајана и имотот требало да биде поделен меѓу Вилијам и Хари, а преостанатите 25% биле наменети за нејзините кумчиња.

На својот батлер, со кого Дајана била многу блиска, му оставила 50.000 фунти. Грижата за остатокот на имотот на Дајана, тогаш вреден 21 милион фунти, што би било еквивалент на денешните 31,5 милиони фунти, Вилијам и Хари требало да го превземат откако ќе наполнат 25 години.

Задачата за распределбата на имотот, во согласност со желбите на Дајана, им биле дадени на нејзината мајка и сестра. Дајана ги назначила во тестаментот како извршителки на нејзините последни желби, но тие не ја оправдале нејзината доверба.

По погребот на Дајана, на последниот ден во месец август во 1997 година, нејзината мајка и сестра во декември на суд го изнеле редоследот на носењето одлуки, кои им го допушта распоредувањето на имотот на Дајана на поинаков начин од оној на кој таа го навела во тестаментот.

Според нивните измени, накитот кој требало да им припадне на Вилијам и Хари, принцевите можеле да го земат откако ќе наполнат 30 години, иако доходот почнале да го примаат во добата од 25 години.

Наместо поделбата од 25% на накитот и имотот на принцезата Дајана, секое нејзино кумче требало да добие спомен, по избор и волја на извршителите и тоа само кога помладиот принц Хари ќе наполни 30 години.

Две години по братот Вилијам, принцот Хари во 2014 година, го земал својот дел што му следувал од покојната мајка. За време на тие 17 години, колку што поминале, 150 предмети кои биле во сопственост на принцезата Дајана патувале низ светот во рамки на изложбата чиј автор бил нејзиниот брат Ерл Спенсер.

Низ разни приеми и попратни содржини, од изложбите собрани се повеќе од два милиони долари. Тие средства, според тврдењата на семејството на Дајана, завршиле во добротворен фонд основан во знак на сеќавање на неа.

Бидејќи таа за време на својот краток живот се истакнала со добротворната работа, утеха е барем дека кршењето на нејзините последни желби не било залудно.

Тоа што се омажила за принцот Чарлс, за тогаш дваесетгодишната Дајана Спенсер требало да биде простор за отворање на вратите за живот како од бајка. Сепак таквиот живот бил е само не бајковит. По раѓањето на Вилија и Хари, Лејди Ди и Чарлс сè повеќе се оддалечувале еден од друг.

Несреќниот брак бил завршен во август 1996 година. Можноста за нов почеток и љубовна бајка надвор од кралското семејство не траело долго, затоа што пронцезата Дајана го изгубила животот во сообраќајна несреќа, само година дена по нивниот развод.

Scroll to Top