„Титаник“ не потонал од удар со леден брег, тврди поранешен морнар и капетан

Капетан Л.М. Колинс во 2002 година ja издал книгата „Потопувањето на Титаник, преспектива од ледениот пилот“, во која ги навел трите причини поради кои тој верува дека британскиот патнички брод „Титаник“ потонал.

Најголемиот брод во минатиот век „Титаник“ потонал на 14 април 1912 година, за време на своето прво патување од британскиот град Саутемптон до Њујорк во САД.

Со него управувал капетанот Едвард Смит, кој на бродот бил заедно со околу 2.200 патници. Официјалната верзија е дека „Титаник“ удрил во леден брег недолго пред полниќ. Во несреќата загинале повеќе од 1.500 луѓе.

Поранешниот професионален морнар Колинс, кој има искуство во водите во северен Атлантик, не верува дека оваа приказна е реална.

„Убеден сум дека e невозможно бродот да удрил во леден брег. Наместо тоа, ‘Титаник’ е жртва на арктички леден слој. Станува збор за лед што се создава во период од повеќе години и е многу тврд. Голем број бродови потонале на идентичен начин, со пробивање на трупот. Нема цврсти докази дека Титаник удрил во леден брег“, вели Колинс.

Капетан Колинс детално опишал во својата книга дека 10 минути пред потонувањето дваjцата морнари забележале појава на микроскопски ситни водени капки на хоризонтот, или хидроскопски честички во атмосферата, кои се протегале на околу 20 степени од двете страни на бродот.

Колинс тврди дека тоа што морнарите го виделе не била магла, туку појас на ледот. Исто така Колинс објаснува дека двајцата офицери пријавиле различна висина на непостоечкиот леден брег.

Капетанот Колинс верува дека разликата на пријавената висина на ледениот брег е оптички феномен кој е добро познат на наутичарите, каде рамното море и екстремниот студ го искривуваат изгледот на објектот во близина на водената линија, нешто што прави да изгледа многу високо.

Колинс исто така тврди дека и физиката е таа која исто така наложува дека „Титаник“ не удрил во леден брег. Колинс ваквиот момент го објаснува како Бернулијев ефект.

Според објаснувањето на Колинс, ако бродот пловел со брзина од 11 метри во секунда и удрил во ледениот брег, за кој се тврди дека бил со големина на хотел, целата страна би требало да биде уништена.

„Бородот во тој случај би потонал за неколку минути, а не часови, како што е случајот со „Титаник“, вели Колинс.

Scroll to Top