Тито бил киднапиран, Југославија 13 дена останала без лидер

Српскиот сцнарист и режисер Милан Шарач во монодрамата-исповед „Јас, Јованка Броз“, открива дел од животот на поранешната прва дама на Југославија, Јованка Броз и нејзиниот сопруг маршалот Јосип Броз Тито.

Во дел од интимните детали за нивниот приватен живот, Шарач открива како Јованка се исплашила за животот на нејзиниот сопруг за кого вели дека бил киднапиран 13 дена и дека кога ѝ го вратиле, тој повеќе не бил истиот човек.

„Еден ден кога пристигнав во резиденцијата Тито не беше таму. Исчезна. Никој не ми кажа каде е. Го немаше 13 денови. Бев во шок. Не можев на никого да кажам дека мојот сопруг исчезна. Не можев ниту самата да го побарам. Се исплашив затоа што државата остана без шеф тринаесет денови. Кога ми го вратија тој не беше повеќе истиот човек. Тоа не беше мојот Тито. Каде беше и кој го киднапираше никогаш не открив“, му открила Јованка на Раде Чечур, тогашен нејзин шеф на обезбедувањето и полковник на полицијата.

https://youtu.be/vmX-o-B4spc

Шарач во монодрамата открил неколку досега неслушнати интимни детали за нивниот заеднички живот. Режисерот открил дека снимената мелодрама всушност претставува предсмртната желба и порака на некогашната прва дама на Југославија. Ова претставува нејзина исповед, која ја дала само неколку месеци пред нејзината смрт.

Дел од животот на Јованка и односот со Тито во еден дел ќе остане засекогаш мистерија, вели Шарач. По неговата смрт, таа останала изолирана од јавниот живот.

Шарач вели дека Јованка сакала Тито да биде погребан на место по желба на неговото семејство. Јованка на Милан му раскажала и детали од времето кога почнала акцијата која имала за цел да ја разделат од Тито.

Во монодрамата Шарач открива дека вдовицата на Тито никогаш не се одрекла од православната вера, иако во јавноста се претставувала како атеист. Шарац во сценариото раскажува и за тоа како Јованка му кажала дека таткото на Милошевиќ не се обесил и дека бил убиен.

„Го убија затоа што беше наклонет кон Русите. Тој ја сакаше Русија, затоа го убија“, му кажала Јованка на Шарач.

Во сценариото, режисерот открива и сцени кога Хашкиот трибунал му судел на Слободан Милошевиќ.

 

Scroll to Top