Топењето на глечерите на Тибет може да ослободни илјадници смртоносни вируси

Топењето на ледот во Тибет може да ослободи непознати вируси кои можат да бидат потенцијално смртоносни и многу опасни за светската популација, предупредуваат американски и кинески научници.

Тие земале неколку примероци од ледот од глечерите на Типет и откриле 33 смрзнати патогени, а 28 меѓу нив се непознати за човештвото.

Непознатите древни вируси се кријат во наслагите на ледот стар илјадници години. Како што велат експертите, глобалното затоплување може да предизвика топење на светските глечери, а во најлошото сценарио, вирусите можат да бидат ослободени во атмосферата.

Ситуацијата би се влошила со високите температури, кои, ако вирусите се ослободат, можат да предизвикаат огромен проблем, затоа што светот нема изграден имунитет против нив. Моќта на овие вируси засега не е познати. Некои од нив се потенцијално смртоносни, а други веројатно се безопасни, сметаат научниците.

Бушењето на глечерот во Тибетската висорамнина, траело пет години, а проектот бил од исклучително значење за научниците кои велат дека сакаат да бидат сигурни дека ќе земат древни вируси, а не само контаминација од модерниот свет. Отстранувањето на горниот дел од слојот лед (0,5 сантиметри) се прави на внимателен начин, за да се осигура да не дојде до контаминација.

Брзината на топењето на ледот во смрзнатите региони, до кои доаѓа поради високите температури, е нешто кое ги загрижува научниците.

„Во најлош случај, топењето на ледот може да доведе до испуштање на патогени во животната средина“, заклучиле научниците.

Инаку, 2016 година од антракс загинале повеќе од 2300 ирваси во Русија, а болеста била поттикната од топлотен бран. Температурите пораснале за 35 степени и ледот брзо се топел. Русија била принудена да ги вклучи трупите обучени за биолошко војување, за да помогне во решавањето на оваа вонредна ситуација.

Осум луѓе биле заразени со антракс, а над десетина биле тестирани за да се утврди дека не се заразени. Антраксот е потенцијално смртоносен, а е предизвикан од бавни бактерии како Bacillus anthracis. Може да опстане во остри клими. Болеста може да се пренесе преку допир, вдишување или голтање на спорите кои со години можат да опстанат во водата и земјата.

Scroll to Top