Трагичниот крај на поранешните први руски дами, за некои од нив смртта до ден-денес остана мистерија

Смртта на некои од сопругите на претходниците на рускиот претседател Владимир Путин и поранешните лидери на СССР, до ден денес остава траги на сомнеж во руската јавност.

И Русите, но и целиот свет малку знаат за нивната улога во носењето одлуки во политичкиот живот кај поранешните руски лидери. Малкумина знаат за нивните бракови и колку тие биле навистина среќни. Крајот се покажал како кобен за некои од нив.

Некои наводно биле отруени, додека за други пак се сомневаат дека се самоубиле. Мистериозна смрт за дел од нив до ден денес не е разрешена. Таков е случајот и со Надежда Аллилуева, втората сопруга на Џозеф Сталин која имала 31 години кога наводно самата си пукала во глава.

Меѓу историчарите постои сомнеж дека таа се самоубила. Тие сметаат дека диктаторот е вмешан во нејзиното убиство и дека дал наредба да биде ликвидирана.

Познато е дека Аллилуева живеела 14 годни со Сталин. Некои зборуваат дека тоа биле 14 несреќни години во нејзиниот живот.

Но, има и такви кои веруваат дека биле среќни и дека таа не била само неговата најголема, туку и единствената љубов.

За тоа зборуваат и фотографиите од двајцата како и по 30 години врска се држат за рака. За разлика од другите први руски дами, Аллилуева имала големо влијание во неговите одлуки.

Бракот на основачот на тоталитарната советска држава Владимир Ленин и Надежда Крупска (1869-1939) бил необичен и повеќе бил заснован на идеологија и политичка соработка, отколку на емоции. Крупска не можела да има деца, а нејзиното лице имало знаци на Базедова болест.

Таа не сакала многу да се дружи со луѓе, ниту пак ја сметале за бистра и паметна жена, но, сопругот ја сметал за главен двигател на земјата. Заедно ги спроведувале револуционерните идеи, а Ленен ѝ ја доверил функцијата на заменик шеф на Министероството за образование.

Била позната по тоа што имала обичај да носи стара облека. Починала неколку години по неговата смрт од перитонитис, предизвикан од хематом во цревата. Според некои извори, била отруена.

Уште една чудна смрт на жена на друг руски диктатор е Надежда Аллилуева (1901-1932) која била со Сталин од својата 16 година. Се шпекулира дека на почетокот тој ја силувал.

Ѝ барал апсолутна послушност и понизност и не ѝ дозволувал да работи. Таа не сакала да зависи од него и против негова волја се вработила во неговиот секретаријат. Исто така не поддржувала голем дел од неговите политичките активности.

Поради конфликтите, Надежда со децата многупати се оддалечувала од него, но секогаш повторно му се враќала во Кремљ. Еден ден, на една забава на која била со него извршила самоубиство. Си пукала во глава.

По нејзината смрт било наредено да не се спроведе никаква истрага па затоа до ден денес нејзиниот трагичен крај останал неразјаснет.

Викторија Брежњева (1907-1995) сопругата на Леонид Брежњев била една од оние руски Први Дами кои се држеле на страна од политиката. Само двапати била со сопругот на средби во странство, но затоа е позната како извонредна домаќинка и одлична готвачка.

По смртта на Брежњев во 1982 година, Викторија живеела уште 13 години, но последен пат јавно и официјално се појавила на неговиот погреб. Починала неколку години по борбата со дијабетисот.

Анна Дмитријева Черненко (1913-2010) исто така била во сенка на сопругот, кој на оваа позиција бил многу кратко време, од февруари 1984 до март 1985 година.

Сопругата на Никита Хрушчов, Нина, (1900-1984) се смета дека била првата партнерка на лидерот на Советскиот Сојуз, која навистина се обидела да делува како прва дама.

Таа го следела сопругот на официјалните состаноци во земјите во странство. Одела со него и во САД, каде наводно имала разговор со самиот Рокфелер, кој се воодушевувал на нејзиното познавање на економијата.

За разлика од сопругот, Нина Хрушчов многу добро ги владеела странските јазици, меѓу кои и англискиот и францускиот. Била совршена и како домаќинка, но не обрнувала многу внимание на елеганцијата и стилот во облекувањето.

Во очите на западот и покрај своето знаење и образование остана запаметена како жена која лоша се облекувала и чешлала..

Со своето образование и слава се фалела и Раиса Горбачов (1932-1999), сопругата на претседателот на СССР Михаил Горбачов. Се сметала за прва и последна прва дама во западен стил.

Го следела сопругот на официјалните состаноци и патувања во странство, но никогаш не ги освои симпатиите на јавноста. Била критикувана за речиси сите нејзини јавни акции, обвинувана е дека премногу се мешала во политиката на Кремљ, па дури и дека го довела до распад Советскиот Сојуз.

Според некои извори, Раис била најголемата и единствена љубов на Горбачов. Речиси до крајот двајцата се држеле за рака, а по нејзината смрт, откако умрела од леукемија, Горбачов рекол дека неговиот живот е готов.

Scroll to Top